Таг: месут озил

Пресингот на Озил против Манчестер Сити

Колку и да е добар, за што често го фалиме и ние, овој однос на Месут Озил е непрофесионален. И 5:0 да губиш, срамота е вака да дремеш на средина на терен и само да ја гледаш топката.

Магија и уметност во едно

Лудогорец синоќа имаше извонреден резултат од 2:0 против Арсенал по само 15 минути игра, но кога Топџиите ќе тргнат во налет, Бугарите може само да гледаат, да се чудат и да го мотаат неколку пати ова ремек дело на Озил како што го мотавме ние.

Креативниот гениј на Арсенал

Ако некој во изминативе години во Премиер лигата најдобро знае да дели топки со очи, тоа дефинитивно е Месут Озил. Човекот со право синоќа си ја зема топката дома и еве ќе речеме дека и со право бара покачување на платата.

Зошто Германија не може без Озил

Кога го гледаш во фаца изгледа мирен, тивок и скромен, но кога ќе ги погледнете овие 5 минути ќе сфатите од колкава важност е. Игра сталожено, концентирано и со мозок, без избрзување. Кога ја прима примена е, кога ќе ја додаде додадена е на тацна. На ваков плејмејкер да му каже некој дека себичи е исто како да му каже на Нојер дека не знае да брани.

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.

Заслужи ли Лестер да има играч на сезоната во Премиер?

Џејми Варди, Ријад Марез и Н'Голо Канте се тројца од шестмината кандидати за најдобар играч на сезоната во англиската Премиер лига. Дали се и најблиску до вредната награда?

Никој како Месут Озил во Премиер лигата

Габриел го искористи корнерот кој го изведе Озил и погоди против Бурнемут, а тоа донесе нов рекорд во англиското првенство.

Анегдотата на Озил за Динамо Загреб

Тимот од Максимир го направи најголемото изненадување во првото коло од Лигата на шампионите, а најдобриот одговор на прашањето дали Арсенал го потцени Динамо лежи во коментарот на Месут Озил.

Единаесетмината на Озил

Германскиот репрезентативец и играч од средината на теренот на Арсенал повторно ќе спасува детски животи во Бразил. 

Најди ги фудбалерите на овие лица

Ибрахимовиќ и Озил ги погодивме од прва и потоа дешифриравме двајца, па уште двајца. Сега ве оставаме вас, без помош од пријател.

Неповторливи и непотребни потези во фудбалот

Марадона и Кантона само и даваат насилничка димензија на оваа листа на незаборавни потези, каде Ибрахимовиќ и Роналдињо тераат по свое, а Озил мисли дека е прво одделение и дека жонглира во маало.

Најдобрите за 2015-та

Фудбалската опсерваторија која се занимава со статистика направи истражување кое се однесува на учинокот на фудбалерите од најсилните 5 европски лиги.

8 инспиративни фудбалски приказни

Зад голем дел од големите фудбалски имиња, се крие тешко и проблематично минато во кое се бореле за опстанок. Денеска тоа го враќаат дупло.

Кај Озил по дома

Иако немаат многу време да се вртат по дома, фудбалерите не престојуваат во просечни станови. Месут Озил кој минатата сезона го засили Арсенал избра луксузна куќа која му ја дизајнираше Харисон Варма. Прекрасното здание има многу прозорци за да се добие поголема топлина за време сончевите денови во Лондон кои се околу 60 годишно во просек.

Донираше Озил, но и Аргентинците

Пред почетокот на СП во Бразил, Месут Озил донираше сума за 11 болни деца од Бразил. Веднаш по освојувањето на трофејот, фудбалерот на Арсенал донираше и за Газа.

Некој трошел време и за ова

На интернет денес можат да се најдат секакви работи, па дури и фотомонтажи на познати девојки со очите на Месут Озил.

Најпродаваните дресови во 2013

Се ближи крајот на 2013-та, па време е да почнеме со сумирањето. Ова се статистиките од продажбата на дресовите до ноември кои нема многу да се променат до крајот на годината.

Интелигентниот Озил бил вешт шахист

Ова не значи дека фудбалот му била втора љубов, туку напротив тој си легнувал со топката во кревет, а во школските денови играл одлично шах. Го бивало и за математика, а денеска знае одлично да ги дума потезите на терен и е еден од најдобрите плејмејкери.

Дресот на Озил во Арсенал

Навивач на Арсенал нашол начин како да заштеди пари адаптирајќи го стартиот дрес наместо да купува нов со името на Озил.