На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.
Откако Наполи загуби од Јуве, Интер остана единствената екипа без пораз во Серија А. Икарди руши рекорди и влезе во друштво на легендарниот Меаца. Тимот на Спалети е неприкосновен, а вистинскиот тест за тоа дали е зрел за Скудето ќе треба да го положи со Јуве следниот викенд.
Миланскиот клуб после долго време е прв на табелата а најголеми заслуги за тоа има тренерот Лучано Спалети кој конечно ги намести сите коцки кај „Нераѕурите“. Синоќа ја победија Сампдорија 3:2, а вториот гол на Мауро Икарди беше после акција ала-Барселона.
Тешко дека некој од нив ќе ја освои Златната копачка, но затоа привлекоа внимание, си набија цена, претставуваат страв и трепет, а сигурно ќе добијат и солидни бонуси за сработеното вака за пред летен одмор.
Палермо, каде играат нашите Илија и Александар не само што е готов за испаѓање, туку е и тим врз кој сезонава двајца напаѓачи од Торино и Лацио се вежбаа кој е побрз и успеаа да срушат еден рекорд на Шевченко.
Фудбалерите на Интер направија голем кикс на домашен терен и загубија од Сампдорија 1:2. Грешките дефинитивно треба да си ги бараат во своите редови бидејќи направија два глупави потези клучни за пораз кои ги оддалечува од Европа.
Ако Палермо сезонава не може без нашиот Несторовски кој постигна 6 од вкупно 9-те погодоци на тимот, тоа во Интер дефинитивно е Мауро Икарди без кој Нероаѕурите би го имале најлошиот напад во Серија А.
На „Џузепе Меаца“ нема мир меѓу тифозите и капитенот на Интер кој во автобиографијата објавена пред неколку дена напишал како им се заканувал на навивачите дека ќе им викне убијци од Аргентина да ги малтретираат.
Мауро Икарди е роден во Росарио, град во Аргентина со милион жители кој важи за најфудбалскиот град и кој на фудбалот му ги даде Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Патот за кратко го одведе Маурито во Барса, но таму не го проценија добро.
Сестрата на Роналдо ги објасни неговите солзи за време на финалето, поранешниот напаѓач на Ливорно кажа зошто го баталил Твитерот, Лотито продолжи да објаснува за Биелса, а жената на Икарди кажа колку пари одбиле од Кина. 10-те највпечатливи изјави според Газета.