Таг: Марсел Пруст

Проект „Читаниот Пруст“: повеќе од 4000 страници, 57 години

Од Бали до Париз, читателите во големиот проект „Читаниот Пруст“ се снимени во спални соби, канцеларии, супермаркети, фабрики и козметички салони, како читаат делови од „Во потрага по загубеното време“. Проектот ќе биде комплетиран во 2050, 57 години откако е започнат.

Човекот кој во затвор држел предавања за Пруст

Mинатата година излегоа ни помалку ни повеќе туку три книги на англиски, поврзани со еден подзаборавен полски уметник и дипломат, Јозеф Чапски (1896-1993). Неговиот живот е одлична илустрација за екстремите на европскиот 20 век.

Писма на младиот Пруст до неговата љубов - славен француски композитор

Уште не ни се оладил текстот за писмата на Хемингвеј до неговата 30 години помлада муза, веќе имаме нов момент: во Париз се изложени писма на Пруст до неговиот долгогодишен партнер, пред нивната најавена аукциска продажба.

Пронајдена прва подвижна снимка од Марсел Пруст

Канадски професор открил црно-бел филм во кој во 37-мата секунда се појавува славниот писател. Тоа е прва подвижна слика од Пруст, која можеби не ни кажува нешто многу повеќе од она што веќе го знаевме, но е сепак уште еден потсетник на „загубеното време“.

Како настанал „Прустовиот прашалник“?

Почнало како тинејџерска забава во високите кругови во Франција, во кои кружеле „лексикони“ со навидум банални прашања. Денес е чест од некого да се побара да одговара на истите oние на кои некогаш одговарал 14-годишниот Марсел Пруст.

Зошто Гонкуровата награда е толку престижна, а изнесува само 10 евра?

Најстарата книжевна награда во Франција за оваа година е доделена на Матијас Енар, за неговиот роман „Компас". Но освен оваа вест има други интересни (и културолошки индикативни) моменти во врска со историјата и сегашноста на ова признание.

Ако ви пречи мљацкање

Следниот пат кога ќе ви дојде да го задавите колегата зашто со мљацкање го јаде својот сендвич, едноставно опуштете се за момент и дозволете да ве облее мислата дека сте генијалец. 

Во потрага по загубените 10 франци

Сајтот Letters of Note, кој објавува кореспонденции на разни познати личности, до сега никогаш не нè изневерил со автентичноста на објавените писма. Ова е сепак едно од понеобичните.

Сто години потрага по загубеното

„Во потрага по загубеното време" е едно од највлијателните книжевни дела на сите времиња. Моргановата библиотека и музеј во Њујорк ја одбележува 100-годишнината од излегувањето на првиот од седумте делови на овој роман со голема изложба на ракописи, фотографии и писма на авторот.