Се работи за снимка од свадба на Елен Грефул, ќерка на грофицата од Грефул, која на Пруст му послужила како инспирација за ликот на Оријана де Германт во „Потрага по загубеното време“. Иако појавата на човекот со капчето и мустаќот на снимката е кратка, таа е доволна за оние упатени во делото, и особено во ликот на авторот, во него да го препознаат Пруст.
Des images de Proust retrouvées ? by LePoint
„Со оглед на тоа што го знаеме секој детал од животот на овој автор, од неколку извори е потврдено дека во тој период Пруст носел таков шешир и сиво одело. Некако е трогателно да знаеш дека си прв што го гледа како се движи од времето на неговите современици...иако ќе беше подобро да не се симнува по скалите толку бргу!“, изјавил Лук Фрез, директор на списанието „Ревија на студии на Пруст“.
Пруст умрел во 1922 на возраст од 51 година. Неговото најпознато дело, „Во потрага по загубеното време“, објавено во седум делови помеѓу 19131 и 1927, е преведено на македонски, со исклучок (колку што знаеме) на последниот дел.
Поврзано: Како настанал Прустовиот прашалник?