Манчестер Јунајтед одигра 3:3 на гости против Шефилд Јунајтед во меч во кој „црвените ѓаволи“ сигурно ќе примеа повеќе погодоци ако го немаа шпанскиот голман на голот.
За време на мечот Манчестер Јунајтед - Партизан, познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ покажа дека освен за црно-белите, има симпатии и за Ливерпул, смртниот ривал на Јунајтед.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед го совлада Норич со 1:3, но на овој натпревар промаши два пенали: Холандскиот голман Тим Крул (сетете се на пенал серијата Холандија - Костарика на Светското 2014) им ги одбрани ударите на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Партизан на гости со 0:1 и ја прекинаа лошата серија без гостински триумф која им траеше од март месец кога го изненадија ПСЖ во ЛШ. Борусија Менхенгладбах и скина бод на Рома со пенал во 95-та.
Со никакви успеси, никакви резултати, па и никаква игра во изминативе 6 години откако се разделија со Ферги, Манчестер Јунајтед постави рекорд во најнеадекватниот период од својата историја. Достигнаа безобразно највисок плафон на плати во историјата на лигата.
Сакате наречете ги правила, сакате совети. Битно тие се поставени од страна на Невил на влезот од академијата. Во едно време кога се создадоа душата и симболите на клубот во ерата на Фергусон. Генерацијата 92`. Станаа легенди и примери од кои многумина може и треба да учат.
Агонијата на Манчестер Јунајтед продолжува и со 11-то гостување по ред без победа на сите натпреварувања. Овој пат загубија од Њукасл со 1:0 и сега се 12-ти со 9 бода по 8 кола. Нивниот старт сезонава најдобро се опишува со потегов на Фред. На Переира не му се веруваше што гледа.
Преполнет со негативна енергија и разочарување по сите ужасни рекорди и бедни сезони во кои не беа ни блиску до трофеј во Премиер лига или ЛШ, изнервиран навивач на Манчестер Јунајтед вака го опиша нивото на кое се наоѓа клубот.
Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари.
Во европските купови екипите влегуваат на терен со деца до нив. Ама ретко кој знае колку е тешка процедурата да им се каже на децата кој ќе држи за рака познати фудбалери а кој не. И за тоа има решение.
Со ремито 1-1 против Арсенал во големото дерби на 7 коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10 место на табелата и го бележи најкатастрофалниот почеток на една сезона откако е основана Премиер лигата во ваков формат.
Детето за кое Фергусон уште на Мурињо му рече дека треба да го игра повеќе, еве го во едно друго издание. Скот Мектоминеј има 22 години, задача му е да ја пази средината, ама вчера гаѓаше на Олд Трафорд, онаму каде што не му ги фаќаа на Бекам. Трет гол за него во кариерата која ја почна во Јунајтед во 2016/2017.
Како што старите раскажуваа за Пеле, Гаринча, Сократес, Бекенбауер, Џајиќ, Паоло Роси и многу други, така идните поколенија ќе слушаат за Кристијано Роналдо. А богами ќе имаат и што да видат.
Додека навивачите на „црвените ѓаволи“ во малиот Мејсон Гринвуд гледаат светло на крајот од тунелот, синоќа им дојде еден уште помал фудбалер и ги олади на „Олд Трафорд“ па спасуваа жива глава на пенали.
По ужасот на Тотенхем кој како европски вицепрвак се изрезили против четвртолигашот Колчестер, уште една екипа која ја знаеме само од билтен беше блиску до сензација. Тоа е Рочдејл од Лига 1, кој не само што му извади 1:1 на Манчестер Јунајтед и загуби дури на пенали, туку можеше да им ја закопа поштено.
Португалецот работи како стручен коментатор, гостува по емисии и студија, а на Скај Спортс почна да зборува за шведскиот стопер Линделоф од Манчестер. Само што кажа дека не е баш добар во воздух (he is not so special in the air), овој го потврди тоа на загревањето во живо.
После малиот Фати од Барса кој од коло во коло руши некакви рекорди, сега дојде ред и на Мејсон Гринвуд, 17-годишниот бисер на Манчестер Јунајтед кој го постигна победничкиот гол против Астана на „Олд Трафорд“ во Лига Европа.
Ако и оваа сезона Манчестер Јунајтед не успее да оствари задоволителни резултати, тогаш редно време е да почне да ги враќа легендите во клубот. На натпревар во чест на Винсент Компани, погледнете каков генијален потег изведе стариот добар лисец од средниот ред.
Капитенот на Манчестер Јунајтед важи за голем борец. Иако има 34 години, и натаму е фајтер број 1 во екипата. Ама дур не налета на дриблер како поранешниот играч на Јунајтед, Вилфред Заха.
Летово Интер направи рекорден трансфер откако на Манчестер Јунајтед му плати 65 милиони евра за центарфорот Ромелу Лукаку. Белгиецот освен што е расен стрелец, важи и за полиглот кој зборува осум јазици.