Македонската фудбалска репрезентација ги освои планираните 3 бода против аутсајдерот во групата кој немаше што да бара на гостувањето во Скопје. Добра партија на Трајковски кој за три минути даде два гола. Паненка на Нестор.
Само 7 минути игра и беше потребно на македонската фудбалска репрезентација за да го отвори резултатот против аутсајдерот Лихтенштајн. Сите мислеа дека Барди ќе нафрла, а Енис биеше директно во гол и го фати неспремен голманот на гостите.
Вечерашниот противник во второто квалификациско коло за Мундијалот во Катар ни е редовен пациент, а последен пат игравме против нив во групната фаза од Лига нации. На Градски славевме 4:1, а најубавиот момент на мечот беше оваа акцииште преку кое го отворивме резултатот.
Го отспавме, ама некако уште не ги легнува тоа што се случи синоќа на гостувањето против Романија. Ги имавме уште во прво со куп шанси, ги имавме и во второ со два гола во две минути. Неприфатливи се овие 3:2, затоа што бевме подобри и затоа што не е ова старата Романија што ја знаеме.
Лош старт на македонската фудбалска репрезентација во мундијалските квалификациите за СП 2022 која загуби од Романија во драматичен финиш. По негатива од 2:0, Македонија се врати резултати со два гола за две минути во 82-ра и 83-та, но Хаџи го реши мечот во 85-та минута.
Една минута потсетување кои сме и што сме и како дробевме за да стигнеме до исполнувањето на фудбалскиот сон наречен Европско првенство. Не застанувајте тука момци.
Романски новинар кој има работено за Guardian, FourFourTwo и World Soccer на Твитер објави видео од тренингот на Македонија во пресрет на вечерашниот дуел против Романија во смисол дека е нетипично. Кај нас ова го викаме „играње бзз“.
Копавме од 93-та до денес за да ја извадиме на виделина традицијата на македонската фудбалска репрезентација против романската. Не е добра воопшто, ама таа Романија беше многу подруга, а исто сега и Македонија.
Култниот албум од италијанскиот гигант Панини наскоро треба да го пушти во продажба своето најново издание за Европско првенство. Во него ќе се најдат и најдобрите македонски фудбалери чии сликички со задоволство ќе ги лепиме.
Капитенот на фудбалската репрезентација, човекот кој ни ја овозможи најголемата фудбалска радост да ја гледаме Македонија на едно големо натпреварување, вели дека веќе отприлика знае што ќе прави по крајот на богатата кариера.
На четири месеци до деби настапот на ЕП, во фокусот на УЕФА е нашата фудбалска репрезентација претставена со кус осврт на најважните мигови од историјата. Има и еден податок од 1960 кој веројатно не сте го знаеле.
Нарачуваш дрес од македонска фудбалска репрезентација од интернет и тоа носен од Хасани против Турција и ти вика Македонија јок. Е и ова го немавме видено.
Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.
За оваа година нема правење топ листа на успеси во македонскиот спорт. Таа мина во знакот на само еден за кој се погрижија јунаците кои докажаа дека и во фудбалот можеме и заслужуваме да се најдеме на европската мапа. Со срце и од срце ја исполнија мисијата.
Го чекавме, сонувавме, мечтаевме 27 години и ете го дојде тоа пусто Европско кое мислевме дека ќе биде недостижно уште долго. Благодариме Горан, Елиф, Нестор и до сите кои се вратија херојски од Тбилиси. Па нема послатка акција од оваа годинава.
Фудбалската федерација на Македонија доби рекордна премија во историјата на македонскиот спорт, а следствено на тоа заслужено се офајдија момците кои ја испишаа новата фудбалска историја за која чекавме три децении.
Светската куќа на фудбалот го објави последното рангирање за оваа година, која ние ќе ја паметиме не по тоа кои сме на табела, туку до каде успеавме да стигнеме.
Македонската фудбалска репрезентција вечерва во Цирих ја доби квалификациската група за Светско првенство 2022. Во Скопје ќе ни дојдат интересни противници, а со некои од нив никогаш не сме играле.
Лигата на нации сезона 2020/2021 за нас е завршена, ама тоа не значи дека се завршени и шансите за пласман на СП 2022. Одиме по другиот пат, оној потешкиот, а тоа се редовните квалификации за кои вечерва ќе ги дознаеме противниците.
Со апсолутна почит за нашата најголема пеачка икона, но националната Арена во Скопје би требало да го понесе името на човекот кој е најголем спортски амбасадор на земјава. Додека сè уште беа активни играчи, стадиони во нивна чест добија Дидие Дрогба, Фернандо Торес и многу други.
Гледавме оро на терен во Тбилиси, прес со лудории, големо славје со трубачи во хотел, но не видовме, ниту чувме што се случувало во соблекувална пред историските 90 минути. Ќе каже лично селекторот.
Нема промени за македонската фудбалска репрезентација на најновото рангирање според ФИФА, за што многу не се потресовме со оглед на тоа што годинава остваривме епски успех за паметење.
Извесни Аце и Дарко решиле да си поиграат малку со македонската фудбалска репрезентација и се обиделе да го скројат најдобриот состав од осамостојувањето до денес. Имињава звучни, ама има еден проблем. Само Пандев го има од хероите кои ја однесоа Македонија на Европско.