Канибалот сезонава постојано ги полни мрежите во Премиер лигата па на вчерашното дерби против Челси влезе сит со 19 гола. Раката на Бранислав Ивановиќ овој пат беше здрава.
Не знаеме дали го трола или сака да го гризе, но како и да е контроверзниот уругвајски напаѓач побара од играч на Јордан да му прави друштво и кога изведува корнер. Овој изгледа се сетил на случајот со Ивановиќ па реши да се повлече.
Симулираат, плукаат, пцујат, провоцираат, гризат. Долга е листата на глупости кои ги гледаме во фудбалот и тоа во режија на големите имињи кои непотребно си го валкаат реномето и потоа стануваат дел од вакви непопуларни листи.
Луис Суарез ги отвори картите и во интервју за Гардијан и Телеграф откри дека сака трансфер, а челниците на Ливерпул го излажале затоа што имале договор да го пуштат да си оди ако не играат во Лигата на шампиони.
„Топџиите" по се изгледа дека не се откажуваат од услугите на уругвајскиот напаѓач и нудат различни суми на пари за да го донесат на Емирати. Последната понуда предизвикаа најголемо внимание во јавноста.
Однесувањето на Луис Суарез на теренот му направи многу проблеми во неговата кариера, а преку рекламата на уругвајска компанија и хумор на своја сметка, напаѓачот на Ливерпул ни покажа зошто не би сакал да работиш со него.
Најквалитетно клупско европско натпреварување е се разбира привилегија и уживање за секој фудбалер, но патот за да се биде во друштво помеѓу најдобрите воопшто не е лесен. Овие три имиња сигурно дека заслужуваат да бидат дел од тој собир, а тоа е можно да се случи веќе од наредната сезона.
Уругваецот заработи суспензија од 10 натпревари за гризењето на Ивановиќ и не само што за него оваа сезона, многу е веројатно дека за него заврши и престојот во Ливерпул. Тоа ќе биде најреална одлука на раководството на Ливерпул со оглед на се што тој има сторено.
Луиз Суарез може предвреме да оди на годишен одмор. Фудбалската Асоцијација на Англија најстрого го осуди неспортскиот потег на мечот против Челси и за гризењето на Ивановиќ му одреди висока казна од 10 кола неиграње.
Луис Суарез беше во центарот на вниманието со израмнувачкиот гол во 97-та минута против Челси, но и со гризнувањето на Ивановиќ со што ги поттикна кладилниците да ја зголемат нивната понуда со неколку интересни опции за кладење поврзани со неговото име.
Луис Суарез е еден од подобрите напаѓачи во моментов, но и еден од најнечесните фудбалери. Освен што добро глуми, тој знае и да удри. За време на натпреварот кој Уругвај го загуби при гостувањето кај Чиле со 2:0, Суарез по кошкањето во шеснаесетникот му удри бокс на противничкиот фудбалер Гонзало Хара.