Таг: лионел меси

И Марадона жонглира со портокал

Откако Меси налета на еден портокал и со него жонглираше, ништо покус не остана ниту Диего Марадона и тоа со чевли и костум во сред студио.

Роналдињо и деби голот на Меси за Барса

Некогашниот светски број еден, Бразилецот Роналдињо вели дека се радува секогаш кога ќе се сети на моментот кога му асистирал на Меси за првиот гол на Аргентинецот во дресот на Барселона.

Како Меси се спрема за Ел Класико

После повредата која го оддалечи неколку недели од терените, Меси полека се опоравува и се очекува да настапи на големото дерби против Реал Мадрид на 21. ноември.

Објавени кандидатите за наградата Пушкаш

ФИФА го скрати изборот за најубав гол на годината од илјадници голови на десет. Во најтесниот избор на кандидати влегоа голови постигнати од 27. септември 2014 до 23 септември 2015 година. На 30. ноември ќе останат само три најмногу гласани голови кои ќе се борат за наградата Ференц Пушкаш.

Доказ од 30 секунди дека фали во ЛШ

Рајо Ваљакано во Ла Лига го реши Нејмар, а БАТЕ Борисов во Лига на шампионите, Ракитиќ. Но тој е еден и единствен, а кога е повреден фудбалот е посиромашен.

Парадоксот на Златната топка

Според англиските букмејкери од Вил Хил, најголеми шанси за освојување на наградата најдобар играч во 2015-та година им се даваат на фудбалерите за кои знаат и врапчињата на гранките, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, така што бесмислена е секоја листа на кандидати.

Роналдо, Меси, Ибра и Рамос во иднината

Доколку по играчката кариера се фатат за тренерскиот занает, овие четворица ѕвезди можно е да изгледаат вака и да ги предводат следниве клубови.

22 месеци казна затвор за Меси?

Фудбалерот на Барселона е обвинет за затајување данок во износ од 4,1 милиони евра.

Најдобрите шест стрелци во 2015-та

Прв во моментов е Меси кој се разбира се брка со Роналдо, а бројката се однесува на сите погодоци кои годинава ги постигнале за клуб и репрезентација.

Нејмар, Роналдо и Меси на Инстаграм

Бразилскиот напаѓач е најследениот спортист на социјалната мрежа наменета за објавување фотографии и кратки видеа и е во тесна трка со Роналдо.

Меси и Роналдо како пријатели

За Мурињо и Венгер излезе љубовна афера, а ова со најдобрите двајца фудбалери во светот е чисто пријателски.

Некои нови Меси и Иниеста

Академијата Ла Масија подготвува нови играчи кои еден ден би требале да истрчаат на Камп Ноу и да ги заменат Меси, Иниеста, Суарез...

Кои се најблиску до Роналдо по број на голови?

Не е ова времето на Пеле или Ромарио за кои постојат статистики дека стигнале до 1000-ка, но синоќешниот јубилеј на Роналдо во Шведска не е воопшто лош. Од активните играчи во врат му дише само Меси, а другите тешко дека може да го стигнат. 

Сите промашени пенали на Меси

„Фактот што промаши еден пенал не го прави помалку човек од друга планета. Даде два, намести уште еден и за мене и натаму е човек од друга планета“, симболично изјави Луис Енрике после мечот Барселона - Леванте (4-1), на кој Аргентинецот го промаши 17-от пенал во последните седум години.

Страната на Камп Ноу која не му лежи на Меси

Ѕвездата на Барселона и покрај тоа што е четири пати прогласуван за најдобар играч на планетата, тој до сега има промашено 23% од пеналите кои ги изведувал за својот тим. Малер му носи голот до северната трибина.

Дебито на Меси за Барса Б

На 6. март 2004. година, Лионел Меси дебитираше за Б тимот на Барселона. 16-годишниот Аргентинец ги купи сите присутни со своите потези и дриблинзи на мечот против Матаро.

Најлошиот слободен удар во кариерата на Меси

Аргентина избегна пораз од Мексико во пријателскиот натпревар 2-2 одигран синоќа со головите на Агуеро и Меси во финишот. Претходно Меси го изведе можеби најлошиот слободен удар во кариерата, а за тоа е виновен теренот за рагби а не за фудбал во САД.

Премногу Меси

Човеков прави сериозно многу магија со фудбалот. Целата таа магија, од минатата сезона (веројатно), набиена во неколку минути.

Приказната за Виктор Васкез, најдобриот другар и соиграч на Меси

Еден од најталентираните играчи со кој играл Лионел Меси, Виктор Васкез е Каталонец кој 18 месеци паузираше поради повреда, а својата форма ја најде во белгиското првенство. Со Клуб Бриж утре ќе се обиде да го исфрли Ман. Јунајтед од ЛШ.

Егзодус од Ла Масија

Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.

Малерозното деби на Меси од 43 секунди

Младиот 18 годишник дебитираше за аргентинската репрезентација пред точно 10 години, но со лактот направи сличен потег како Дарко Панчев против Данска и уште неиспотен го пратија во соблекувална.

Омилената жртва на Меси

Минатиот 23 ноември, Лионел Меси стана најдобар стрелец во историјата на шпанското првенство со хет-трикот против Севиља, а синоќа за прв пат во кариерата на еден меч против истиот тим постигна два гола од слободен удар.

Меси ниту сме ние мајмуни, ниту ова е зоолошка

Политичката опозиција во Габон го обвини Аргентинецот дека не покажал доволно почит за стандардите и принципите на оваа земја, чијшто претседател на Меси му дал 3,5 милиони евра да дојде во посета. Лионел негира дека добил пари.