Таг: лига 1

Финишот се ближи, кој за што се бори во Европа?

Во најдобрите европски лиги шампионот веќе е познат, но последните коло, две ќе решаваат за тоа кој ќе оди во Европа и кој ќе остане во елитните друштва. Борбата за гол живот и опстанок е поголема од онаа за во Европа.

ТОП 5 голови со ножички во Франција

На евроголови со ножички нè навикнаа Бразилците, но подзаборавивме дека и во Лига 1 паѓаат такви ефектни голови. Некогашниот фудбалер на ПСЖ и Кан, Лоран Лирој е еден од најдобрите изведувачи на ножички.

Спортска среда на фаворити во Европа

На европскиот континент синоќа се играа натпревари од првенствата и дуели во купот, а фаворитските улоги ги оправдаа Барселона, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Менхенгладбах и Ливерпул. Скоцкавме компилација од најинтересното.

Осминафиналистите од ЛШ годинава се подарежливи

Клубовите кои сега ќе играат во нокаут фазата од најквалитетното клупско европско натпреварување, во изминатиов јануарски преоден рок потрошија 32 милиони долари повеќе за засилувања за разлика од лани.

Играјте фудбал, заспавме од досада

На навивачите на францускиот Лил сезонава не им останува ништо друго, освен да бараат начин за разонода на трибините. Нивниот тим е 11-ти со осум бодови заостанување зад местото кое води во Европа. Лил во саботата одигра 0:0 против Ница, а навивачите пееа неповрзани песни за Мексико и се шуткаа од досада.

Францускиот Јирген Клоп го бара неговиот Дортмунд

Тренерот на Генгам, Жоселин Гувернек го однесе клубот од трета во прва лига, сезонава ги совлада ПСЖ и Монако и е единствен француски тим во Лигата на Европа. Сонот му е да стаса до Енфилд Роуд.

Бен Арфа би играл фудбал и на Северен пол

Некогашниот најголем талент на францускиот фудбал и потенцијален наследник на Франк Рибери остана без клуб, откако ФИФА не го одобри неговиот трансфер во Ница.

Типувавте ли викендов 3+ во француското првенство?

Што и да се типувале поврзано со играта дека ќе паднат три голови на некој натпревар од Лига 1 изминатово коло, џабе сте ги фрлиле парите, бидејќи тикетите ви се сигурно во канта.

Манирот на Златан Ибрахимовиќ

ПСЖ во петокот го победи Рен 1:0 и му се приближи на лидерот Лион на само два бода. По средбата Ибрахимовиќ во свој стил си поигруваше со еден од присутните новинари.

Како тоа не го знаеш Златан Ибрахимовиќ?

Со голот на Ибракадабра од пенал, ПСЖ го победи Сент Етјен на гости и остана на 4 бодови зад лидерот Лион. За време на дуелот, Швеѓанецот играше мајтап со противничкиот фудбалер Пол Баис или поточно „Јас тебе прв пат те гледам, а ти мене мора да ме знаеш“.

Лион е изненадувањето во Франција

Клубот со една од најдобрите младински школи во Европа заедно со тренер што сака отворен фудбал е лидер во Лига 1 по 18. одиграни кола. ПСЖ и Монако се во сенка.

Другарски потег за водство на Рошдејл

Во англиската Лига 1 (трета по ранг), Рошдејл го победи Брадфорд на гости 1:2, а моментот на мечот се случи во 12. минута, кога гостите го отворија резултатот преку Винсенти.

Како се кине мрежата на ПСЖ

Во натпревар од француското првенство, ПСЖ водеше 2:0, а на крајот загуби со 4:2 од Бастија. Јунакот на големиот пресврт вечерва против ПСЖ, Жулиан Палмиери даде два гола, од кој едниот беше право ремек дело.

И фудбалот за Шарли Ебдо

По терористичките напади во парискиот сатиричен магазин, француската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари во првенството и купот викендов ќе почнат со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите. Вчера се молчеше на дуелот Лил - Евијан, а веднаш потоа загрме и Марселеза, француската химна.

Газдите во Премиер лига сезонава имаат најмногу трпение

За разлика од минатата сезона клубовите во најсилните европски лиги отпуштаат помалку тренери. На островот не избркаа ниту еден, а во француското првенство само еден тренер остана без работа.

Најфудбалските моменти во 2014-та

Спортскиот сајт WeTalkFootball преку 15-минутно видео направи ретроспектива на големите настани што се случија во фудбалскиот свет годинава. Изборот е направен според најтвитаните случувања од јануари до декември 2014. година.

Жунињо е синоним за голови од слободни

Голманите се тресеа кога местеа жив ѕид за да го бранат голот од слободниот удар за кој се спремаше Жунињо. Многу од нив само ја вадеа топката од мрежата и ја рогаа накај центарот.

Топ 5 голови во Лига 1

Викендов во француското првенство ПСЖ и Олимпик Марсеј триумфираа и ја продолжија трката за врвот, но најдобриот гол го имаше членот на Евијан, Даниел Вас.

Фудбалерите на Рен како на Сони плејстејшн

18.250 навивачи на Генгамп гледаа како Рен им направи шах-мат на нивните играчи во неколку потези за конечни 0:1.

Ибракадабра си игра со терапевтот

Освен со соиграчите, Златан Ибрахимовиќ игра мајтап и со стручниот штаб на ПСЖ. Швеѓанецот денес по деветти пат по ред беше избран за најдобар фудбалер на неговата земја.

Карлос Едуардо како митот Џаст Фонтен

Бразилецот игра во нападот на Ница, го носи бројот 3 и стана познат по петте гола што му ги даде на Генгам минатиот викенд. Рекордот со 5 гола на 1 натпревар беше стар 30 години во француското првенство

Голманот на Генгамп ги фрли малерозните ракавици во канта

Да беше до нив, така ќе постапеа и голманите на Рома и Бате Борисов кој по 7 пати ја вадеа топката од гол во Лигата на шампиони.

Островот на кој беснеат француските навивачи

Новата сезона во Лига 1 почна многу неславно. Монако загуби пред своја публика, Ибрахимовиќ промаши пенал, а на Корзика беа повредени 44 полицајци. 

Сите фудбалски дербија за сезона 2014-та / 2015-та

Само месец дена е паузата меѓу крајот на Светското и почетокот на топ 5 националните првенства кои ги чекаме со душа. Завесата први ја креваат Германците на средината од август, а ние ви ги издвојуваме дерби пресметките за кои треба да бидете укотвени пред Тв.