Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал во еден муабет со младиот талент Квинтен Тимбур, додека се ракувале му рекол: „Јас сум вакциниран, а ти?“, Тимбур одговорил потврдно: „Да“ на што Луј кажал: „Фала Богу, не си ти идиот“.
Во квалификациите за Светско првенство 2022 најголемото јужно-американско дерби Бразил - Аргентина не беше прекинато поради некакви нереди или нешто слично, туку од една чудна сцена.
По разочарувачкото реми против Ерменија, македонската фудбалска репрезентација повторно освои само бод, но овој е како пораз. 65 одлични и доминантни минути против Исланд ги прокоцкаа за 6 минути. Mногу наивно.
Аргентина победи со 1-3 во Венецуела и успешно го продолжи патот кон Светско 2022 во Катар. Работата им ја олесни еден полу-идиот кој уште во 32’ минута од мечот доби црвен картон поради страшен фаул над Лионел Меси.
Откако ја освои Копа Америка среде Бразил, Аргентина продолжува со серијата без пораз во сите натпреварувања. Синоќа во Каракас ја добија и Венецуела со 1-3 а два гола од трите беа по врвно одработени акции.
Македонската фудбалска репрезентација не успеа победнички да го отвори есенскиот циклус во мундијалските квалификации за Катар 2022. Само 0:0 против Ерменија која е прва во група. Блед настап на Македонија.
Во пресрет на дуелот Шведска - Шпанија од квалификациите за Светско првенство 2022, шпанскиот селектор Луис Енрике дошол на прес-конференција. Правилникот вика дека новинар прашува, селектор одговара, па преведувач преведува и прашање и одговор. Ама аргентинскиов преведувач запна па запна да упаѓа во збор.
На некој и тоа му текнало. Да ја качи на нет цела, што е ТОП, бидејќи од денеска ќе можете во архива да ја сместите перверзијата која им ја направивме на Германците. Што убаво.
Ваква луда победа над речиси несовладливите во мундијалски квалификации со два порази во историјата, па трет од Македонија, не поминува само еден ден со реакции. Погледнете ги царевите JustCartoons што измонтирале денес. Тоа со фиќото на крај е врвот.
А од соблекувална, славјето продолжи во автобус со гермнското: „Ша, ла, ла, ла, ла, ла, ла, лааааа. ауфвидерзеееееен. Уживајте момци и наздравете. Скроз заслужено. Штета што се само 19 секунди.
Општо лудило е по Твитер и Фејсбук на тема Германија - Македонија. Што кај нас, што регионално, ама и во светски рамки. Коментарите се како да ви кажеме. Еве нешто од тоа што успеавме да пофатиме од целиот наплив.
Уште во неверица по гигантскиот успех и пласман на едно Европско првенство, македонската јавност доживеа уште еден позитивен шок од фудбалерите. На колена ја спружија моќната Германија и тоа на гости, во Дуизбург каде 50-ина македонски навивачи после мечот ореа песна со играчите пред хотелот каде престојуваат нашите репрезентативци.
Нека трепка затоа што одиграа мушки и со срце. Нека трепка затоа што заслужија победа и ја остварија после сериозен судиски грабеж. Досуден непостоечки пенал за Германија и недосуден постоечки за Македонија. Така е ѕверови, тоа е таа мангупска фотографија која се бараше.
Човекот со 7,8 милиони следбеници на Твитер и еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња, Гари Линекер не оддолеа на сензационалниот триумф на Македонија над Германија.
На 38 години, капитенот Горан Пандев постигна гол против Германија во историскиот и неверојатен триумф на гостински терен 1:2. Гоче го отвори резултатот и стана најстариот стрелец против Германија во историјата. Претходно Ханс Нордал од Норвешка им дал гол на 35 години во далечната 1953-та година.
Во 76' минута од мечот кој ќе влезе во аналите како победа против најсилниот противник во историјата, Македонија при резултат 1-1 имаше корнер. Енис Барди центрираше а топката чисто го удри во рака Емре Џан но судијата Сергеј Карасев не досуди очигледен пенал и не оштети.
На стадионот Шауинсланд Рајзен Арена во Дујзбург, Македонија го сруши повеќекратниот светски и европски првак Германија - 1:2 (0:1) и го направи најголемото изненадување во мартовските квалификации во Европа.
По 47 минути одличен и стабилен фудбал, македонската репрезентација води на гостувањето кај Германија со 0-1. По една акција во последните секунди од првиот дел, во 45+2' минута, Алиоски центрираше, топката дојде до Барди кој од прва асистираше до Пандев за водство. Гранде Горан!
Колку и да се јаки и константни некогаш ќе попуштат. На пример Бразил го посрамотија 7:1 во полуфинале на Светско, ама затоа лани се посрамотија сами со Шпанија во Лига нации и загубија 6:0. Но, ова што го прават во квалификации за СП е нешто уникатно и неповторливо. Светско чудо ќе биде ако ги тепаме.
Македонската репрезентација играше „бзз“ и на тренингот во пресрет на мечот против Германија, а капитенот изгледа не знае да мава заушки. Му удри една на Трајковски и после се виткаше.
Во актуелниве квалификации за Светско првенство 2022 уште еднаш се докажа дека ВАР е многу потребен секогаш и секаде. Се случија две големи судиски грешки кои директно влијаеа на крајниот исход.
Ама сега и вие сте ненаситни. Петарда пукате, секој втор напад гол ви беше во второ, па уште се загревате за трето полувреме. Ајде дома да одморите за Германија, завршена е оваа.