Таг: кристијано роналдо

Сите голови од слободен удар на CR7 за Реал

Лионел Меси овој месец го израмни рекордот на Роналд Куман од 26 гола за Барселона од слободен удар. Кристијано Роналдо има 10 повеќе за Реал Мадрид, што со ефе, што сув лист кој не се брани. Компилација - празник за очи.

Од играчка - плачка и најглупави повреди на фудбалерите

Последната епизода на Кристијано кој поради болки во палецот не можел да вози и викнал влечна служба за неговото Ламборгини во познатото зимско одморалиште Навасерада нè испровоцира да избунариме разни бизарности за познатите фудбалери.

Очајна партија на Кристијано Роналдо

По 40 кола непобедливост заврши серијата на Реал Мадрид откако синоќа Севиља им направи пресврт во последните 7 минути од мечот. Една од причините за поразот е сигурно индиспонираноста на нивниот лидер која одлично може да се долови во ова видео. Еден куп погрешни и непродуктивни додавања, никакви дриблинзи и обиди за гол и голем број на загубени дуели.

Борбата на суетите кога треба да се одбере број на дрес

Кога во една иста екипа ги имаш Кристијано Роналдо и Раул, Баџо и Дел Пјеро или Тоти и Дел Пјеро се знае каде може да се јави проблем. Во ефикасноста во никој случај, туку во тоа кој ќе ги земе 7-ка и 10-та. Проблемот се решавал со авторитет или попуштање.

Роналдо се сликаше со фудбалскиот татко

Меѓу Диего Марадона, Пујол, Трезеге, Ван Бастен, Сидорф и останатите легендарни фудбалери, синоќа во Цирих на доделувањето на наградите на ФИФА се појави и човекот кој е најзаслужен за врвната кариера на Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо повторно најдобар на светот, Меси не дојде

На церемонијата „ФИФА награди“ во Цирих, наградата фер-плеј ја доби колумбискиот Атлетико Насионал поради предлогот титулата во Копа Судамерикана да ја добие бразилскиот Шапекоенсе.

Најдобрите спортски реклами во 2016

Минатата година неколку спортисти се појавија во реклами на познати брендови кои за таа прилика смислија необични приказни.

Фудбалерите кои одбија вртоглави кинески милиони

Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.

Сите 40 хет-трика на Кристијано за Реал

Португалецот е член на Реал Мадрид од 2009-та година, а од тогаш до денес за „кралскиот клуб“ постигна неверојатни 270 гола меѓу кои и учинок од 40 хет-трика.

Најбрзите тркачи во дуел еден на еден

Обично велат дека тој што е со топка не може да биде толку брз како тој што го брка, но не велите два пати така за Анри, Рашфорд и Меси или понекогаш и за Бејл. За брзи играчи важат и уште многу други играчи како Роналдо, Куман, Салах...

Конфузија со голот на Роналдо број 500

Со погодоците на Бензема и Роналдо, Реал Мадрид ја совлада Клуб Америка и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство. За голот на Роналдо во 93-та беше употребена видео технологијата за да се утврди дали имаше офсајд, па судијата ги искомпликува работите.

Како Кристијано Роналдо се трансформираше од крило во напаѓач

Кога пред да потпише за Реал Мадрид во 2009-та изјави дека играњето во напад не е негова позиција, Роналдо практично погреши, бидејќи таа позиција и головите со кои решета веќе седум години му помогнаа да освои четири Златни топки.

Резултатите и сите освојувачи на Златната топка

Со повеќе од двојно гласови од Меси, Кристијано Роналдо стигна до освојувањето на Златната топка број 4 во својата кариера и му се доближи на својот ривал кој има само една повеќе. Заслугите за тоа одат најмногу поради освојувањето на ЛШ и ЕП во иста година.

Најголемиот фан на Роналдо е од Индија

Од сите тие милиони фанови на Кристијано Роналдо кои го следат на Фејсбук и Инстаграм, треба да обрнете внимание на само еден. Ај што “ги има“ неговите потези, туку и го чува до столната ламба.

Спортисти кои стигнале до милијарда или се близу неа

Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?

Како Роналдо го чува Меси на корнер

Шпанските медиуми се до толку опседнати со Меси и Роналдо што имаат камери кои ги пратат само нив. Видеово не е ништо посебно, освен еден кус муабет кој ако точно го сконтавме шпанскиов оди вака: Роналдо: Како е, што се случува? Меси: Седи мирен.

Мурињо и Роналдо избегнувале данок?

Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.

Колку влијаат головите на Меси и Роналдо во освојувањето на бодови

Во пресрет на утрешното Ел Класико, јасно беше дека ќе се појави некаква паралела помеѓу најдобрите двајца кои секогаш се во фокусот на вниманието. Од што толку често се зборува за нив, веќе почна да не копка, за кои Меси и Роналдо ќе пишуваме кога овие двајца ќе одат во пензија.

Пет профи слободни удари на Роналдо во ЛШ

Специфичниот удар таканаречен “сув лист“ ретко кој може да го усоврши како Бразилецот Жунињо од Лион. Но ете го Роналдо со топ 5 листа која ја објави УЕФА во која три се такви. Да не може да се реши човек кој е најатрактивен од третиот, четвртиот и петтиот.

Што треба да знаете ако го величате Роналдо на кафанска маса

Вечната дебата околу тоа кој е подобар/покорисен/поспретен на моменти изгледа бесмислена и празна. И едниот и другиот играат во иста ера, така што одговорот на дилемите го носат самите учесници во дискусијата. Како љубителите го бранат Португалецот во однос на чудесниот Меси?

На Роналдо требаше да му запишат 4 гола против Атлетико

Со првиот хет-трик сезонава, Кристијано Роналдо го потопи градскиот ривал на Висенте Калдерон, но ако судиите беа попрезицни во своите одлуки или ако лигата не штедеше пари на модерната гол-технологија резултатот ќе беше 0:4.

Емотивниот говор на Роналдо кој се криеше 4 месеци

Селекцијата на Португалија летоска ја изненади Европа откако за прв пат во својата историја го крена пехарот на едно Европско првенство. Нивниот капитен и лидер се повреди во финалето и отскокнуваше од клупата и им даваше инструкции на своите колеги. Сите собрани емоции ги “исфрли“ по завршуваше во соблекувалната, а снимката од тој нивни историски 10 јули дури во јавност ја пушти Фудбалската федерација на Португалија.

На Роналдо нема да му се допаднат бројкиве

Реал Мадрид е прв на табелата во домашното првенство и единствена екипа без пораз што е најбитно за нив. Но со оглед на тоа какво е егото на Кристијано Роналдо, тоа не е доволно за него.