Таг: крави

Музеј им исплати крави на припадници на народот Масаи затоа што изложувал нивни семејни предмети

Музејот Пит Риверс од Оксфорд минатиот викенд им додели „симболичен подарок“ на семејства од Кенија и Танзанија, чии семејни предмети биле изложени во поставката. Ова е дел од проект кој треба да промовира „пропорционални односи“ со домородните народи чие наследство е претставено во музејските збирки. 

Очајни мерки за очајни времиња: како производителите на алкохол си ги криеле трагите за време на прохибицијата

Ова на фотографијата не е некаква импровизирана платформа за добивање на висина (како оние што викаа дека ги носел за сликање поранешниот француски претседател Саркози). Ова е за буквално покривање на траги на илегални производители на алкохол за време на прохибицијата. А може да послужи и за криења од секаков друг вид.

Вонземјани или верски култ?: мистериозниот случај на сакатени крави од 1970-тите

Кога американските ранчери почнале да пријавуваат инциденти во кои нивната стока била пронајдена мртва, со отсечени делови од телото, тоа поттикнало и теории на заговор и растечко незадоволство кон властите. 

Скандалот со отровно бебешко млеко кое се правело од остатоци од дестилација на алкохол

Во 1850-тите бебињата во Њујорк добивале мистериозно труење. Речиси 8000 новороденчиња умирале годишно од неконтролирана дијареа. Во јавноста кружеле разни теории, додека еден новинар не ја открил вистинската причина.

Наместо масло на платно - лепешки на хартија

Баварски уметник им оддава признание на сточарите и фармерите од неговиот роден крај со „сепија“ боја слики, направени од кравји лепешки.

И кравите си имаат јазик: не е секое „муу“ исто

Нова студија открила дека кравите користат специфични вокализации во различни емоционални контексти. 

Зошто „краво една“ треба да биде комплимент?

Има така некои необични изданија кои пленат со својата наводна бескорисност. На пример книга со фотографии на крави од цел свет.

Жолтата боја добиена со мачење животни

Неодамна пишувавме за ретката сина боја која ја измислиле Маите. На ред е - индиската жолта.

Колку крава има во производите што ги користите?

По бројките на американската Национална асоцијација на сточари, околу 60% од кравата (говедото) се користат за храна, останатите 40% завршуваат на најразлични места од кармини до керозин.

Тајната логика на кравите

Ќе беше политички покорисно да имавме нешто за овците, но научници се фатиле за крави и изработиле математички модел по кој овие навидум бескрајно незаинтересирани животни ги носат секојдневните животни одлуки

.

Имаш две крави, проширена и дополнета верзија

За почеток, на сите слики е една крава.