Таг: избори

Ако сакате да гласаме, оставете нè да спиеме

Дополнителен час спиење не само што ќе го зголеми бројот на гласачи, туку е далеку поверојатно на избори да извади и поголем број на луѓе кои обично не одат да гласаат.

Ако случајно нè праша Хемингвеј

Навистина не е мое да се мешам, ама мое е да кажам дека не е убаво да се полниме со злоба и нељубов. Не е мое да се мешам, ама се плашам дека и Велигденското торжество ќе го расипеме со тоа што годинава Велигден се паѓа помеѓу прв и втор круг на изборите. Немој и од него политика да направиме, ве молам. Далеку е другата Прочка за да си ја простиме таа глупост потоа.

Реизбран претседател испратен во затвор

Корупциски скандал "го здрма" Камерун откако долгогодишниот прв човек на Фудбалската федерација, Мохамед Ија четвртата победа на изборите не успеа да ја круниса со фотеља. И покрај убедливиот триумф над другите кандидати тој ќе оди зад решетки.

„Вистинскиот“ претседател го тужи Обама

Да го тужиш Обама дека ти ги украл изборите (а да не си Мит Ромни) мора да значи дека си некој разигран лик. Токму таков е Кит Џад само што не може многу да се разигра бидејќи во моментов служи затвор од 17 и кусур години. Заради многу интересна причина.

Со слонот разбери се каде е Максим Горки

Само неколку недели пред парламентарните избори во Индија, властите се загрижени за можни насилни изборни инциденти - од слонови.

Непристојна понуда

Каква е таа желба за изборна победа која може толку да ти го помати паметот па да побараш од жена ти да ти помогне околу кампањата? А патем да заборавиш дека ти e бивша жена и дека јавно си ја оставил за друга.

Пис, брадерс

И, како што почнасмо да једемо кајгану сас сирење и ѓус од помаранџу, фатисмо муабет на тему ''хомосексуалци''. Што ни требаше так'в муабет рано сабајле, не знам, ама ете, и тој дојде на ред. Све оправисмо у државу, и још тој остана нерешено.

Приземниот Жижек

Она што не натера да го објавиме текстов не е затоа што тој зборува за Обама, Буш, Тачер и Ромни (кого би го интересирало тоа?), туку затоа што Жижек во него користи една многу интересна метафора. Ви се случило ли да не можете да се објасните со некого, бидејќи тој поинаку од вас ги толкува спратовите (сутерен-приземје-прв)? Епа нему дефинитивно да.

Обама против Рамбо и Волверин

За време на изборите, директни противкандидати на Обама на гласачките ливчиња ќе му бидат Рамбо, Волверин и Дедо Мраз. Ова, за време на изборите во Бразил.

Древни совети за победување на избори

Квинтус Цицерон е првиот политички консултант - неговите совети за водење кампања, кои ги напишал за брат му Марко, до скоро им беа познати само на класичарите. Неодамна се објавени во нов превод на англиски, под наслов „Како се добиваат избори".

О-да-да на радоста

Застапувајќи се за европски културни вредности, но и одлучно укажувајќи на местото на Србија во таа неисцрпна ризница, Демократската младина на Прокупље воочи изборите во Србија ја препева „Одата на радоста".