Таг: голман

Кога на голманот му е преку глава од бранење

Рожерио Сени 22 години го чува голот на Сао Паоло, а за тоа време даде 123 голови, но само уште ваков му фали во кариерата.

И за ова ли се дава црвен?

Судиите често се навредувани поради спорни одлуки за пенал, корнер, фаул и аут. Што ли да каже голманот Жуниор Моралес од Хондурас по овој директен црвен картон?

Голман или боксер во Босна?

Ако дели тупаници за жолт картон, кој знае што ќе направи второлигашкиот голман Ромео Митровиќ ако заработи директен црвен картон. 

И Марк Шварцер распали по ФИФА и Сеп Блатер

Австралискиот голман од Челси отворено ги нападна луѓето што се одговорни за организација на Светско првенство во Катар 2022 за кои вели дека мува не ги лази што ќе се игра фудбал на 50 степени во Катар.

Рефлексите на Мануел Ноер

„Единицата“ на Баерн Минхен и германската репрезентација важи за еден од најдобрите голмани во светот. Наместо конфекциски да го опишуваме како "храбар, луд и сигурен голман," имаме клип со негови топ 5 одбрани што ќе ви каже се што треба.

Давид де Хеа сакал да го напушти Јунајтед

Шпанскиот голман отворено зборуваше за медиумскиот притисок и проблемите кои ги имал на почетокот од кариерата во клубот од „Олд Трафорд", од каде бил решен да си замине. Во саботата против Евертон потврди зошто е прв голман на Јунајтед.

Фудбалерка нападна судија па се соблече

Циркузијадата доаѓа од првата женска фудбалска лига во Романија, каде голманката доби црвен картон, се изнервира како Оливер Кан, а дресот и го даде на колешката која ќе мора да брани при извршени три измени.

Наместо да брани на Бернабеу ќе се бори во ринг

Тим Визе нема повеќе конституција за да биде голман и слободно може да премине во кечери.

Стопер бранеше пенали и го однесе Лудогорец во ЛШ

Романецот Козмин Моци е херој на плејофот за влез во натпреварите по групи од Лигата на шампионите. Една од трибините на стадионот во Разград ќе го носи неговото име, ветил претседателот на „лудата шума“.

Голманска работа

Во моментот кога сите мислеа дека сигурно ја фатил топката, голманот на мексиканскиот клуб Мореља, Фелипе Родригез направи нешто што само голман може да стори.

Голманот со број 2

Новиот член на Сампдорија, Емилијано Вивјано не сака големи броеви, па го избра бројот кој обично нè потсеќа на Кафу, Гери Невил, Панучи...

Странските утки на голот на Милан

Во последните 20 години, голот на Милан го бранеа Бразилец, Грк, Австралиец со хрватско потекло, специфичен Германец, а сега им дојде Шпанец од кој се очекува многу повеќе од претходниве. Скоро сите беа тотално промашување со исклучок на корпулентниот Дида кој си замина со еден куп трофеи.

Зошто Очоа носи број 13?

„Ја одбрав 13 - та затоа што ми носи среќа. Не знам дали е суеверие, но роден сум на петок 13 во 13 часот. На 13. јули дебитирав на Мундијалот во 13 часот по локално време. Се надевам дека ќе бидам успешен како Кабаљеро и ќе станам миленик на навивачите“ - вели Очоа, кој како слободен играч дојде во Малага. Мексиканецот лани во Ајачио прими 72 гола на 32 меча, но подоцна блесна на СП во Бразил.

Голманот рекордер во Серија А продавал кокаин

Поранешниот голман на Милан од 90 - те, Себастиано Роси повторно има проблеми со законот, откако италијанската полиција открила дека препродавал кокаин.

Битка за ракавиците низ Европа

Фудбалските работници често велат дека за да бидеш голман, треба да си будала. Обично тој што ќе ја добие „единицата" влегува во прв состав, а „12-та" дреме на клупа. Конкуренцијата наредната сезона во некои клубови ќе биде многу поголема поради Јужноамериканците кои блеснаа на Мундијалот. 

Зошто Тим Хауард не ужива во фудбалот?

Голманот на националната репрезентација е новиот американски супер-херој кој на несреќно завршениот натпревар со Белгија влезе во историјата на фудбалот. 16 одбрани на чисти голови, најмногу откако ФИФА води таква статистика од 1966-та година. Сепак, дека му е сето тоа забавно, не му е.

Откажи се од боксување

Голманот на Израел, Ариел Харуш поради финансиски проблеми нема земено плата од својот клуб Беитар Јерусалем, но тоа не е причина да киксира за репрезентација. Неговата селекција загуби од Мексико со 3:0, а по катастрофалната проценка на првиот гол, среќата не го посака на вториот. 

Роналд Куман, ти си?

Да дојдеше барем до половина терен некако ќе разберевме, ама вака некако премногу е. Се работи за најдобриот аматерски голмански топовски удар.

Не ми се брани веќе!

Викендов во естонската втора лига се одигра вистинска комедија во која главната улога ја имаше голманот на гостинскиот тим. Откако прими пет гола, голманот си отиде дома, а негов соиграч, онака најмаалски реши да го смени на голот.

Немој само толку јако да ја рогаш

Ли Линч од ирската прва лига е дефинитивно најголемиот трагичар на колото. Неговиот тим загуби со 4:0, а пред да го прими третиот гол ископа дупка.

Торко голман на сезоната

450 гледачи имаа можност во живо да го видат овој епски лоб удар кој се случува еднаш на 100 години. Најлошата голманска проценка која ни доаѓа од Литванија ја имате и вие на мегдан.

Нема да ви се верува

Тудорел Михаилеску е 48 годишен голман кој брани за романскиот четвртолигаш Вулкан. Останатото за него треба да го видите.

Решавачки голмански гол

Изминатово коло дефинитивно не помина во знакот на голманите кои заредија многу киксеви. Но имаме и еден јунак од Колумбија кој при резултат 1:1 го реши натпреварот со фантастичен погодок од слободен удар.

Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.