Голманот на Селтик, Фрејзер Фостер постави рекорд откако немаше примено гол на 13 натпревари, односно 1.256, а неговата неверојатна серија заврши на натпреварот против Абердин и тоа со ремек-делото на Џонатан Хејс.
Не можевме да одлучиме кој повеќе го заслужува нашето признание за офсајд лик на денот, па решивме да го поделиме и да им го доделиме на еден голман од Франција и еден негов полски колега во Азербејџан.
Бубакар Бери од белгискиот голман Локерен беше најзбунетиот голман овој викенд. По сударот со фудбалерот на Гент, тој не беше сигурен дали треба да биде бесен или повреден.
Обично голманите служат за да ја зачуваат својата мрежа, но некои знаат и да ја затресат противничката. Голманот Боканегра од шпанскиот нисколигаш Ла Рода успеа да го совлада колегата од спротивната страна, а топката не ни тапна на терен пред да ја помине гол-линијата.
Не сме виделе некој голман до сега да си дозволи ваков луксуз кој го изведе велемајсторски без грешка со што го направи мајмун противникот. Има само 19 години и е од Венецуела, а не е доцна да го сменат во напаѓач.
Црвена Звезда ја совлада екипата на Раднички од Крагуевац со 12:11 и тоа со голот на голманот Денис Шефик кој упати удар од очај преку цел базен во последната секунда од финалето на купот на Србија.
Младиот навивач кој не пропушта ниту еден натпревар и ја бодри Херта од Берлин заедно со ултрасите, доби шанса да го брани голот на својот омилен тим и направи сензација на гостувањето кај Борусија Дортмунд.
Словенечки четвртолигаш го откри тајниот рецепт за тренирање на голмани и методите за тренинг со кои тие произведуваат врвни чувари на мрежата од класата на Хандановиќ.
Голманот на Калгари Флејмс, Рето Бера на натпреварот против Колумбус изведе една од најдобрите одбрани кои сме ги виделе на хокеј терен во стил на фудбалер-голгетер со удар со ножички.
Приказнава не е за фаќање сеир, ама на голманот кој е принуден да се пензионира откако по грешка сам си пресекол четири прста со циркулар, како за утеха мора да му го дадеме нашето признание за офсајд лик.
Голманот Оливер Бауман наместо да се докаже пред селекторот Јоаким Лев кој го следеше на натпреварот помеѓу Фрајбург и Хамбург, се истакна со три кикса по кои неговиот тим загуби на домашен терен со 0:3.
Џордан Скарлет на универзитетски натпревар во САД испрати “бомба“ во манир на голем стрелец по која станаа на нозе сите негови соиграчи од клупата, но доби огромна помош од јадниот чувар на мрежата кој ја направи најлошата можна интервенција.
Најголемото изненадување во квалификациите за Светското првенство секако е репрезентацијата на Исланд чиј голман не е ниту професионален играч. Тој работи како режисер и негово најпознато дело е минатогодишниот спот за Евровизија.
Голманот Бројн Акесон од шведскиот второлигаш Варнам на натпреварот против Варберг постигна гол за кој можат да му позавидат и врни напаѓачи, а воедно и му донесе бод на својот тим во третата минута од судиското надополнување.
Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.
Хрват стана херој во Србија. И тоа е можно. Хрватскиот голман Матеј Делач кој брани за Војводина, ја одушеви целата српска јавност откако донираше 6.000 евра за операцијата на еден навивач на неговиот клуб.
Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.
Чуварот на мрежата на младинската репрезентација на Шкотска не само што прими шест гола на натпреварот против Англија, туку успеа да направи и киксови за кои му се смее цел свет.
Чуварот на мрежата на шведскиот второлигашкиот клуб Ергрите, Питер Абрахамсон “се надмина“ себеси. Само он си знае зошто ја боксуваше топката надвор од шеснаеетникот и тоа во 45 секудна од натпреварот. На крајот неговиот клуб загуби со 3:0.