Таг: галерија

Корнишон на плафон: уметност вредна 10.000 долари

Станува збор за дело на Мејту Грифин, изложено во Окланд, Нов Зеланд, а всушност потекнува од чизбургер на Мекдоналдс. Критиките се движат помеѓу „генијално“ и „моронско“. Добро што го поставиле високо, бидејќи хигиеничарите сигурно до сега ќе го сределе.

Нова автобиографија на слеп трговец со уметнички дела

До сега имавме пишувано за слеп режисер и за слеп фотограф. Ова е приказна за слеп дилер со уметнички дела, кој неодамна ги објави своите мемоари.

Заборавениот музеј на забранета уметност во Узбекистан основан од електричар

Сместен е среде никаде, но поседува една од најголемите светски збирки на авангардна уметност, која била спасена од чистките на Сталин. Херојот бил еден електричар.

Портретот искасапен со сатар се враќа на галериските ѕидови

Се случило во 1914, во лондонската Национална галерија на портрети. На сликата, која била намерно оштетена, е прикажан Томас Карлајл, еден од основачите на галеријата. А сторителот била жена по име Ан Хант, која го извршила делото како дел од милитантна кампања чија цел била жените да добијат право на глас.

Галерија отстрани разголени уметнички дела за да „поттикне разговор“

Oпасен преседан, начин да се поттикне дискусија или бришење на минатото? Ова се некои од реакциите на неодамнешен потег на британска галерија. 

Како се мести изложба во МоМА

Имаш врвни уметници и врвни дизајнери, и џабе ти се они ако не се жените и мажите во бекстејџ на музеите и галериите, задолжени со пакување, распакување, пазење, чистење, средување, редење, и што уште не, на уметничките дела пред тие да ти се појават пред очи.

Читална на небо

Не ве оставаат на раат да читате по дома? Во кафичи ви е гужва? Да се пренаменат галиите и да се постават како читални не на, туку над Вардар.

Уметничката галерија на ЦИА

Зошто една разузнавачка агенција би имала потреба од колекција на уметнички слики? За нејзините вработени да научат нешто за минатото на институцијата во којашто работат.

Изложбата која мораше да се затвори за да се отвори

Наспроти вообичаената практика за отварање па затворање на некоја изложба, сценариото на оваа е обратно. Една лондонска галерија привремено се затвори, за во текот на тој прекин во работата, и во таа тишина, да се постават прашања во врска со современата состојба на уметноста и вредноста на уметничкиот труд.

Галерија во која ти нудат чоколадо додека гледаш слика

Лондонскиот Тејт денес ја отвара долго најавуваната изложба која истражува дали вкусот, допирот, мирисот и звукот го менуваат начинот на којшто ја искусуваме уметноста.