Таг: елиф елмас

Убиствена контра на Инсиње со одличен финиш на Елмас

Наполитанците не и дадоа да писне на Специја во Купот и уште во прво полувреме и ја наполнија со 4 парчиња, што значи закажано е веќе полуфиналето со Аталанта. На листата на стрелци се запиша и Елиф Елмас кој го докрајчи противникот со убав лоб.

Што се укочи бе Елиф?

Голем кикс на Наполи кој загуби дома од аутсајдерот Специја 1:2 и тоа со пресврт. Елмас влезе во 76-та минута и имаше чиста шанса за гол за да го спаси својот тим од пораз. Љоренте во финишот се загради и му ја даде на тацна, а нашиов наместо да направи еден чекор и да ја дувне во гол, се збуни и остана во место.

Елмас го почувствува легендарниот број 10 на Сан Паоло

Наполи синоќа ја совлада Ријека 2:0 во Лига Европа, а домаќините на достоен начин и оддадоа почит на легендата. Мечот мина без навивачи кои може само да замислиме што чудо од кореографија ќе направеа доколку не беше короната.

Елмас влета во кадар на Скај во навивачки стил

Дечкото кој ја створи акцијата за историскиот гол на Македонија и кој му скрши кичма на противникот, уште го држи еуфорија. Новинар на Скај Спорт известуваше во живо од базата на Наполи и кога наеднаш оп, се појавува Елиф. Тоа бе царе.

Невидена асистенција на Елмас за гол

Најдобрите македонски фудбалери рутински ја совладаа Естонија со 2-1 и освоија 3 бода кои дополнително ја приближија нашата селекција до повисок ранг во Лига на нации. Тричковски и Стојановски беа стрелци, а вториов постигна ефектен гол со глава по чудесна асистенција на ѕвездата на Наполи Елмас.

Елмас со цело срце за Македонија

Една од најважните алки во играта на Македонија вечерва не можеше да биде на терен затоа што беше позитивен на Ковид 19, но затоа го облече репрезентативниот дрес во Неапол и им испрати емотивна порака на своите соиграчи. 

Беља работа, Елмас е позитивен

Лоша вест за македонската фудбалска репрезентација пристигна од Неапол. Елиф Елмас е заразен од Ковид 19 во пресрет на три натпревари на нашиот национален тим, меѓу кои и историскиот со Косово.

Гол на Елмас, Наполи ја демолираше Џенова

Фудбалерите на Наполи целосно ја оправдаа фаворитската улога против Џенова која за 70 минути игра ја наполнија со 6 погодоци. Петтиот е дело на Елиф Елмас кој одличне се снајде во шеснаесетник. Пандев доби шанса во 54-та минута.

Роденденска честитка од Наполи за Елмас

Македонскиот бисер денеска полни 21 година, а Наполи тоа не го заборава и честитките одат преку нивниот Твитер профил со кратка видео компилација во која го има неговиот деби гол во Серија А против Сампдорија.

Голманот на Џенова му спречи еврогол на Елмас

“Македонското“ дерби Џенова - Наполи го добија гостите со 1:2. Елиф Елмас беше стартер, а Пандев ги одигра последните 20 минути од мечот. Штета за Елиф кој синоќа за влакно не стана двоен стрелец.

Елиф ужива во соблекувална со трофејот

Прва сезона е во Италија, има само 20 години, а веќе ја почувствува магијата на едно финале и тоа со трофеј освоен против тимот кој скоро една деценија владее на чизмата.

Ја видовте ли шансата на Елмас од пола метро во 92-ва минута?

Фудбалерите на Наполи го освоија Купот на Италија откако по резултат 0:0 во регуларниот дел, го добија Јувентус на пенали со 4:2. Елмас влезе во 87-ма минута, а во судиското продолжение можеше да стане херој.

Вредноста на најскапите македонски фудбалери за време на кризава

На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.

По колку ќе им скратат од плата на Пандев, Елмас и сите од Серија А?

Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.

Дрис Мертенс и Елмас со песната „Није мене душо убило“

Синоќа двајцата летаа по теренот против Интер на преполниот „Сан Сиро“ и беа заслужни што Наполи славеше 0:1 пред реваншот од 1/2 финале на Куп во Неапол. Елмас и Дрис Мертенс, Белгиецот на кого му фалат само 2 гола да стане најдобар стрелец во историјата на клубот и да го надмине Марек Хамшик, знаеа да ја прославата победата со песна.

Интер го реши Руиз, но Гатузо повторно го фали Елмас

Со оглед на тоа што до мечот со Косово има уште само 42 дена, добро е што една од главните алки во играта на Македонија добива повторно минутажа. И тоа во прв тим и 90 минути во полуфинале против Интер. Рино е задоволен.

Панчев, Пандев и четворица други - шесте Македонци кои давале голови во Серија А

Легендарниот Кобра го отвори патот за Македонците во најдобрата италијанска лига, а Пандев го поплочи со мермер. Ќе остане забележано дека и некои помлади фудбалери постигнале макар еден гол во Серија А.

Елмас има трк, интелигенција, квалитет и карактер

Тоа што ние го гледаме на Градски за Македонија, почна се повеќе да го забележува и италијанската критика од која доби одлични оценки за синоќешната партија против Сампдорија. Браво Елиф.

Деби гол и солзи радосници на Елмас

По скоро шест месеци престој во Серија А, Елиф Елмас конечно се израдува на првиот гол откако направи голем трансфер од Турција во Италија. Наполитанците ја совладаа Сампдорија на гости со 2:4, а македонскиот репрезентативец го даде голот за 0:2 во 16-та минута и ја оправда шансата која му ја даде Гатузо во прв тим.

Елмас влезе фати топка и Јуве прими гол

Сега појасно ли му е на Гатузо зошто нашево дете заслужува поголема минутажа? Млад е, му се игра и плус голем талент е. Без разлика што има само 20 години, ниту има трема против посикусни од него, ниту па нозе му се тресат. Влезе во 81-ва, а 5 минути подоцна повлече фина акција од која падна голот за 2:0.

Мотивирачка честитка од Гатузо до Елмас

Елиф Елмас доби нова шанса за настап кај Џенаро Гатузо кој на првите средби го игнорираше. Овој пат го стави во 67-ма минута, го пофали за настапот и на крај му влезе со гради за да му честита во свој стил.

Елмас во 90+4' минута за славје на Наполи

Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.

Очекуван е коментарот на Елмас, кога свесен е без каков стратег останаа

Низ италијанските медиуми се појавија муабети дека дел од фудбалерите на Наполи плачеле поради заминување на Карло Анчелоти, што е и за очекување кога ќе размислиш дека имаа привилегија да ги води искусен лисец со три освоени титули во ЛШ.