Таг: ел класико

Децата на Барса за 8 секунди го матираа Реал Мадрид

Најбрзиот гол во историјата на Ел Класико во изведба на малишанава од Ла Масија, кои уште на овие години покажуваат зрелост во обидот да играат пресинг уште од првата секунда.

Како македонските мадридисти го бодреа Реал на Камп Ноу

Еден од најорганизираните фан клубови во земјава е Пења Мадридиста де Македонија, група навивачи на Реал кои не пропуштаат прилика да оставват грло и дланки во поддршка на „Кралскиот“ клуб каде и да игра. Така беше и на „Ел Класико“ во Каталонија.

Стоперот облечен во напаѓачко одело

Дава голови во сите натпреварувања каде што игра Реал Мадрид, а навивачите носат дресови со неговото презиме и броевите 92:48, моментот кога Серхио Рамос даде гол против Атлетико во финалето на ЛШ во 2014-та во Лисабон и обезбеди продолженија.

Како Роналдо го чува Меси на корнер

Шпанските медиуми се до толку опседнати со Меси и Роналдо што имаат камери кои ги пратат само нив. Видеово не е ништо посебно, освен еден кус муабет кој ако точно го сконтавме шпанскиов оди вака: Роналдо: Како е, што се случува? Меси: Седи мирен.

Ел Класико со едни други мајстори

Одиме со ретро снимка од 19 ноември 2005-та, кога главни ѕвезди на Ел Класико беа од една страна Роналдињо, Ето, Деко, Чави, а од другата Зидан, Бекам, Роналдо, Раул. На Сантијаго Бенабеу домашните навивачи му аплаудираа на бразилскиот генијалец за самбата, бидејќи тогаш играше во врвна форма.

Најава за дербито кое со душа го чека цел свет

Во 16:15 е закажана 265-та пресметка на Ел Класико на сите натпреварувања. Барселона води со 109:97, а 58 средби завршиле без победник. Најдобар стрелец во историјата на ова дерби е Лионел Меси со 21 гол. Барселона е домаќин и не смее да си дозволи пораз бидејќи во тој случај ќе падне на -9 на табелата во однос на големиот ривал.

Како Пепе чекал достава на новите копачки

Во пресрет на најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабота, сите играчи во карантин психолошки се подготвуваат, а само Португалецот Пепе нестрпливо чека дечкото со моторче да му го донесе најновиот модел на копачки. Според рекламата на UMBRO секако.

Што значи да гледаш Ел Класико од клупата на Реал?

Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.

Како новинар на „АС“ реагираше на голот на Роналдо

Шпанскиот весник важи за близок до Реал Мадрид, а колку навистина се блиски ќе сфатите по реакцијата на нивниот новинар Томас Ронсеро кога Роналдо даде гол на Камп Ноу за стоп на серијата на Барселона од 39 меча без пораз.

Прво славје на Реал на Камп Ноу после 2012

Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.

Последното Ел Класико на Зидан

Славниот Зизу кој вечерва дебитира на шпанското дерби како тренер, 2006-та година ќе ја памети по своето повлекување од фудбалот. Освен лошиот потег кога му удри глава на Матераци, тој имаше и неуспешна сезона со Реал. Пречка беше Барса со Роналдињо.

Малме и Париз им беа попатни станици до Ел Класико

Навивачите на Меренгес од Македонија успешно ја заокружија богатата 2015 година во која ги бодреа Кралевите ширум Европа. Ни раскажаа за контактот со уредникот на реномираниот АС и зошто настанал проблем со поставувањето на македонското знаме на трибините каде се наоѓа групата Ултра Сур.

Бели марамчиња за Бенитез

Непишано правило во шпанскиот фудбал е: Кога навивачите ќе замафтаат со бели марамчиња, тренерот нема веќе што да бара во тој клуб. Тоа е традиционално барање оставка од тренерот, овојпат од Бенитез по дебаклот од Барселона (0-4) на Ел Класико.

Демонстрација на респект на Ел Класико

263-то Ел Класико се игра денес, во Мадрид од 18:15. Покрај уникатното ривалство зачинето со обидите на Каталонија за отцепување од Шпанија, овие два тима низ историјата имале и коректни моменти и демонстрација на фер плеј.

Приказната за фудбалскиот пат на Луис Енрике

Еден од потрофејните тренери и играчи во историјата на Барселона е воедно и еден од ретките што го носел дресот и на Реал Мадрид и на Каталонците. Ова е приказната за тоа како Луис Енрике стигнал до Кралскиот клуб, па назад во Барса.

Блиндирано Ел Класико

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона ќе ги чуваат 1.800 агенти, дронови, хеликоптери, кучиња и коњи.

10 историски Ел Класико грешки

Дуелите на двата најголеми клуба на светот имаат и темна страна. Не бeше сè до головите, парадите и неверојатните дриблинзи, туку се правеа и нелогични грешки.

Како Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо

Ел Класико пред 10 години. Роналдињо во врвна форма. Тргнува по лево, го помина Рамос како мало дете, а навивачите на Реал Мадрид му аплаудираат. Барса по половина час игра има 0:3. Инаку дербито на Шпанија се игра следната сабота.

Како Меси се спрема за Ел Класико

После повредата која го оддалечи неколку недели од терените, Меси полека се опоравува и се очекува да настапи на големото дерби против Реал Мадрид на 21. ноември.

За што точно го исклучија Маскерано?

На 10 минути пред крајот од мечот со Еибар, Хавиер Маскерано доби директен црвен картон и ќе пропушти два меча поради суспензија. Аргентинецот ќе се врати на време за Ел Класико против Реал. Црвениот го доби за сочни пцовки кон линискиот судија кој му јави на главниот.

Класично Ел Класико

Со головите на Жереми Матје и Луис Суарез, Барселона го совлада Реал Мадрид 2-1. Единствениот погодок за „Кралевите“ го постигна Кристијано Роналдо и по вчерашниот триумф, Барса сега му бега на Реал 4 бодови. Најинтересните моменти од дербито.

Јапонското чудо во Реал Мадрид

Такухиро Накаи има 10 години и игра за петлињата на кралскиот клуб, а викендов го презентираше својот талент во младинското Ел Класико против Барселона.

Британците 15 минути без преносот од Ел Класико

Поради телевизиските права кои во Британија не дозволуваат пренос на странски фудбал во периодот од 14:45 до 17:15, целото дерби ќе доцни на островот.

Најскапата карта за Ел Класико колку наша просечна плата

Кралевите ги објавија цените за големото дерби кое е закажано за 25 октомври.