Таг: дизни

Среќата ги следи нацртаните

Норвешка практично го укина буџетот за промоција на својот туризам откако работата им ја заврши мега популарниот анимиран филм на Дизни "Frozen", цртан според нејзините предели. И повеќе отколку што им треба.

Дизни и Вајс, приказна од бајките

Дента пред потпишување на договорот со Дизни, првиот човек на Вајс, Шејн Смит, во Лас Вегас на блекџек освојува 1 милион долари. Следната вечер во претседателскиот апартман во хотелот Белаџио, Смит добива уште 400 милиони долари, овој пат инвестиција од Дизни.

Дизни има да ги исцеди Ѕвездени војни

По зборовите на директорот на Дизни, сагата околу Ѕвездени војни ќе продолжи и по завршувањето на новата трилогија, плус се планира враќање на Хан Соло, ама како 10-годишно момче.

Дизни ќе прави филм за Дарвин

Првата асоцијација на Дарвин, освен мајмуните, е чичко - или повеќе дедо - со долга брада и загрижен израз на лицето. Но во новата холивудска верзија на неговата биографија тој ќе добие третман на Индијана Џонс, а неговиот живот ќе биде претворен во филм, од жанрот авантуристички

Минусот од 140 милиони долари што никој не го есапи

Од феноменален потенцијал пред премиерата Тумороуленд се претвори во едно од најголемите финансиски и кино разочарувања на Дизни, кое на студиото му потроши цели 330 милиони долари, од кои околу 140 милиони долари никогаш нема да ги види. И никој не е загрижен околу ова, ниту Дизни, ниту инвеститори.

Како Дизни го цеди Снежното кралство

Од минатиот до овој ноември Дизни продаде 3 милиони фустани копии на оние што ги носеа двете принцези во Снежното кралство (Frozen), случајно, ова отприлика е еднакво на бројот на 4-годишни девојчиња во Северна Америка. Во јануари Дизни ќе пушти и венчаници на оваа тема (за многу постари девојчиња) кои ќе чинат околу 1.200 долари.

Дизни од други

Студиово (Мондо) работи само на преработување на постери од омилени класични или модерни филмови. Имаат цела колекција посветена на Дизни.

Од каде ги прави Дизни парите?

Филмот кој летово требаше да биде најголемиот блокбастер на Дизни, излезе најлошата инвестиција за компанијата оваа сезона, правејќи загуба од 190 милиони долари.

Како Војна на Ѕвездите го навлече Џеј Џеј Абрамс

Уште од моментот кога ги купи правата за Војна на ѕвездите Дизни се стави во потрага по режисер. Еден од првите режисери кој уште тогаш изјави дека дефинитивно нема да го режира филмот беше Џеј Џеј Абрамс. Како што знаете, Џеј Џеј Абрамс ќе биде режисер на новото продолжение на Војна на Ѕвездите.

Кога Дизни зборува за менструација

10-минутен филм во продукција на Дизни од 1946., наменет за прикажување во американските училишта, за кого се верува дека е првиот филм кога и да е кој во сценариото го содржи зборот „вагина". Тема: приказната за менструацијата.