Таг: динамо киев

Ветерот од Истокот што ја покори Европа

Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.

Екскурзија на Сити во Киев, Атлетико до реми во Ајндховен

Фудбалерите на Манчестер Сити во целост ја искористија фаворитската улога и со 1:3 го прегазија Динамо во Украина. На вториот меч вечерва, ПСВ - Атлетико Мадрид без голови.

Министер за енергетика Каха Каладзе

Човекот со 2 титули во ЛШ и едно скудето во Серија А го пребродил тешкиот период од животот кога 4 години не знаел каде е киднапираниот, а подоцна убиен брат и стана најмоќен човек во грузиската енергетика.

Офсајд лик: Володимир Спличенко

Директорот на стадионот на Динамо Киев го предложи најглупавото можно решение за борба против расизмот. Затоа ќе му направиме место во нашата рубрика каде скоро влезе Маурицио поради тоа што најмногу придонесува во Лацио со жолти и црвени картони.

Расизам на Динамо Киев - Челси

Украинскиот Динамо Киев се соочува со драконска казна од УЕФА, откако се објави видео на кое се гледа како домашните навивачи најпрвин навредуваат па потоа тепаат црни навивачи на Челси на трибините.

Навивачка војна на Мајдан во Киев

Во пресрет на мечот Зорја - Легија Варшава од плејофот за Лигата на Европа, на плоштадот Мајдан во Киев, навивачите на Легија Варшава се судриле со навивачи на Динамо Киев и Днипро кои се збратимени. Пред почетокот не мечот, полицијата уапсила 67 навивачи на Днипро во киевското метро.

Севиља брани предност во студениот Санкт Петербург

Зенит ќе се обиде да ги урне надежите на шпанскиот клуб дека може да го одбрани трофејот во ЛЕ освоен лани. Фиорентина против Динамо Киев за влез во полуфиналето.

Лига Европа низ призма на ултрасите

За разлика од групната фаза кога немаше четврток, а да нема инциденти, четврт-финалните дуели во ЛЕ минаа без навивачки нереди освен во Бриж. Се нагледавме кореографии и гостувања.

Севиља - Зенит реприза без Величе Шумуликоски

Соочена со резултатската криза, Фиорентина патува во Киев, а Клуб Бриж го пречекува украинскиот Днипро. Севиља и Зенит последен пат играа пред 9 години, кога Величе играше за рускиот тим.

Селтик на крајот до реми со Интер, нерешено и во Лондон

Фудбалерите на Ајакс, Генгамп, Севиља, Ливерпул и Виљареал победија на првите натпревари од 1/16 финалето во Лига Европа. Со една нога во следната рунда се Евертон и Наполи.

Со млечни заби во Лига на шампиони

Ако Норвежанецот Мартин Одегард заигра за Реал Мадрид во двомечот против Шалке од ЛШ, ќе стане најмладиот фудбалер што настапил во историјата на ова натпреварување. Ова е листата на 10 најмлади дебитанти.

Супер купот на Украина без уплашените фудбалери

Газдата на Шахтар изјави дека неговите играчи нема од што да се плашат за да се вратат во својот клуб, а потоа се закани дека ќе следат казни доколку не ги почитуваат договорите, но тие се уште не сакаат да фатат авион за Доњецк и покрај важноста на натпреварот.

Слабата репрезентација му го расипа трансферот на Попов

Малку фалеше Македонија повторно да има фудбалер во Премиер лигата, но преминот на Горан Попов во Стоук Сити пропадна откако тој не доби работна дозвола заради мизерниот пласман на македонската репрезентација на ФИФА ранг листата.