Неверојатно, но вистинито е дека Денвер Нагетс досега веќе 5 пати можеа да испаднат но се покажаа како тврд орев во плејофот и сега во мајсторка ќе се борат за финале на Западот.
Ѕвездата на ЛА Клиперс, двократен шампион во НБА со Сан Антонио Спарс и Торонто, Кавај Ленард важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Синоќа на третиот меч од плејофот меѓу Клиперс и Денвер Нагетс, на две минути до крајот го изблокира Џамал Мареј со среден прст.
Хајлајт на вечерта синоќа во НБА беше тројката на Ануноби во последна секунда со која шампионот Торонто намали 2-1 против Бостон во серијата. А на Твитер се ширеше и видеото од пасот на Јокиќ на мечот ЛА Клиперс - Денвер.
Да водиш 3:1 во плејоф и потоа да те елиминираат е реткост во НБА лигата. Синоќа се случи по само 12-ти пат во историјата, а херој беше Јокиќ кој ги постигна последните поени за победа.
Никола Јокиќ одигра луда четвртина на мечот на кој неговиот Денвер Нагетс намали 3:2 во плејоф серијата против Јута Џез. Јокиќ постигна вкупно 31 поени од кои дури 21 во една четвртина (5 тројки, 1 со звукот на сирената).
Трите рекордни поентерски подвизи во плејоф натпревари во НБА се Мајкл Џордан (63 поени во 1986-та), Елџин Бејлор 61 поен во четвртиот меч од драматично финале во 1962-ра и...
Познат како син на еден од највисоките кошаркари кои се појавиле во НБА лигата, Суданецот Мануте Бол, 21-годишниот Бол Бол дебитираше за Денвер Нагетс во подготвителниот меч за рестарт на сезоната против Вашингтон Визардс.
Според ЕСПН, три НБА франшизи кои ги продолжиле тренинзите се Денвер Нагетс, Портланд Трејлбејзерс и Кливленд Кавс. Кај првиве на тренинг за расположение е задолжена „Угасила си ме“ од Џеј, пуштена од Никола Јокиќ.
Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.
По Светското во Кина минатото лето, Јокиќ побавно ја запали машината на стартот на сезоната во НБА, но како проаѓа времето, игра на нивото од лани кога беше еден од најдобрите центри во лигата. А забавен е и за американската јавност, за публиката и за дечињата со Даунов синдром.
Еден од најдобрите кошаркари во НБА сезонава, Србинот Никола Јокиќ по завршувањето на плејоф авантурата со неговиот Денвер Нагетс, веднаш се вратил дома во родниот Сомбор, да одмори од пренапорната сезона.
Во триумфот на Денвер Нагетс над ЛА Лејкерс со 115-99, Никола Јокиќ освен што даде 12 поени и имаше 17 скокови и 8 асистенции, направи и една добра зафрканција додека топката одеше во аут.
Српскиот репрезентативец игра страшна сезона. Синоќа во триумфот на неговиот Денвер против ЛА Клиперс го оствари петтиот трипл-дабл во сезоната: имаше 18 поени, 14 скока и 10 асистенции. Ама еден потег посебно ја импресионираше цела сала.
Се вика Rocky the Mountain Lion или скратено Роки. Пред некое време една девојка одби плишано мече од него за Валентајн, па и донесе огромна плишана мечка со која што ја поклопи. Синоќа против ЛА Клиперс барал гостински навивачи и ги начекал со машинка за шишање.
Откако се врати во првата петорка на Денвер и дава во просек по 12 поени на натпревар, Никола Јокиќ повторно ја заинтересира јавноста од неговиот роден Сомбор па до Денвер, а овој пат зборуваше за тоа кога пиел три литри Кока-кола и колку ќебапи јадел.
Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.
После поразот од Чикаго, Кливленд го разби Мемфис 106:76, а вечерта ја одбележаа кошаркарот на Портланд Си-Џеј Меколум кој постигна највисоки во кариерата 37 поени и Коби Брајант со враќањето на паркет после повредата.
Во дербито на вечерта во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес Клиперс предводен од феноменалниот Крис Пол ја совлада Оклахома Сити на гости. Хокси поразени од Нагетси.
Освен што постигнаа сезонава најмногу поени. дури 130 во триумфот над Сакраменто Кингс, Јастребите погодија и 20 тројки што е рекорд на франшизата. До 50-та победа стигна и Голден Стејт Вориорс, а 50-от пораз го доживеа Њујорк Никс.