Дефанзивецот Паулао од бразилскиот второлигаш Моги Мирим каде игра Ривалдо, го доби најглупиот црвен картон во фудбалот. Во прво полувреме го носел дресот со број 4, а во второ се појавил со број 3, исто како и неговиот колега Фабио Санчез. Паулао кој веќе имаше еден жолт картон, доби втор за глупоста, а неговиот тим загуби 3:2 со гол во 93-та минута.