Таг: бразилска фудбалска репрезентација

Бразилски голман преку телевизија дозна дека оди на Светско

Се вика Касио. Има 30 години и брани за славниот Коринтијанс. Со неговите најблиски во луксузниот дом во Сао Пауло на телевизија дознава дека ќе биде трет голман на Бразил на Мундијалот во Русија и полудуваат од среќа.

Едно време кога ПСЖ не беше Нејмар и милијардите

Раи Соуза Виера де Оливеира е Бразилецот којшто од 1993 до 1998 беше и остана најомилен играч на навивачите на Пари Сен Жермен.

Кога постарите ќе кажат во мое време еден Пеле, Гаринча, Вава

На Мундијалот 1970 во Мексико златото го освоил Бразил. Предводена од Пеле, Ривелињо, Жерсон и Загало, ваква репрезентација не се појавила до денес. Барем не според љубителите на фудбалот од стар ков.

Нејмар, ти си бил баш сентиментален

Оваа есен беше полна со разни новости за Нејмар кој летово 2017 за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ. Бразилецот стана најскапиот играч во историјата, но во Париз му се случуваат чудни работи.

Нејмар му врати на Габриел Жезус

Бразилска работа. Фора на тренинг им е кој на кого ќе му ја протне низ нозе. Прво ѕверката од Сити Габриел Жезус го изработи Нејмар, а после најскапиот фудбалер на планетата едвај чекаше да му врати.

Сторија за насмеаното дете од Копакабана

Бразилецот Кака се опрости од МЛС лигата и е близу до завршување на кариерата. „Веќе не уживам во играњето фудбал зошто имам болки после секој меч“. Што не знаеме за сјајниот Бразилец?

Двете легендарни мундијалски средби на оштетениот стадион во Мексико

Повеќе од 200 луѓе е досегашниот број на жртви во катастрофалниот земјотрес кој го зафати Мексико. Има урнати згради, училишта, патишта, а погоден е и стадионот кој е дом на селекцијата на Мексико.

15 години од незаборавниот Мундијал на триото Роналдо - Ривалдо - Роналдињо

Селекциите на некои земји од Светските првенства едноставно не се забораваат. Таква беше онаа на Бразил, силна, славна и култна која те мами да навиваш за нив. Покрај популарните тројца во напад ги имаа Кафу, Лусио, Жилберто Силва, Дида, Кака. Генерација на која секогаш ќе се навраќаме.

На Бразил му требаат 10 секунди да ви даде гол

Откако загубија на пријателската од Аргентина, Кариоките попладнево играат генерална проба за Купот на Конфедерации против Австралија во Мелбурн. Само што почна мечот, Диего Соуза од Спрот Ресифе го отвори резултатот.

Легендарниот бек кој има осум деца од седум жени

По многумина најдобриот лев бек во историјата на фудбалот. Човекот кој фудбалот го играше со најголемите величини каков што беше и самиот има неверојатна биографија за која наскоро може да се очекува игран филм.

Некогаш кречел улица, сега е прв шпиц на Бразил

Како член на младинските категории на Палмеирас, малиот Габриел Жесус во 2014-та се придружил на акцијата фарбање улици и скали во боите на бразилското знаме во пресрет на Мундијалот во оваа земја. Ни самиот не бил свесен дека две години подоцна, тој лично ќе го води нападот и ќе биде прв стрелец на репрезентацијата.

Како забар му ја спасил кариерата на Бразилецот Фирмино

Како мал никако не сакал да оди во школо поради што долго време не знаел да пишува со пенкало, но знаел да се потпишува со фудбалската топка. Неговиот талент не го забележувал никој, освен еден скромен забар којшто го однел на проба во голем клуб и му ја спасил кариерата.

„Апартхеид? Го знам, добар играч, ќе мора да го чуваме двајца“

Во составот на славниот Бразил кога ќе се споменел хумор и зафрканција, сите со прст покажувале во човекот кој во авион барал банкомат, јадел глушец на жар и ја исплашил чистачката во Бенфика кога на бразилски ѝ побарал лист хартија.

Магичниот Бразил кој стана пентекампеон на Мундијалите

Тони Крос честиташе Нова година со смешна слика каде наместо 2017 стојат знамињата на Бразил и Германија кои го симобилизираа дебаклот на „кариоките“ на Мундијалот. Легендарниот Роналдо доседливо му одговори со знамиња и го потсети на 2002-ра.

Бесплатен доручек зошто Кун и Пипита не дадоа гол

Во текот на денот пред мечот со најлутиот ривал Аргентина, локал во Бело Хоризонте нудел бесплатна ужина следниот ден во случај Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин да не му дадат гол на Бразил. Така и бидна.

На мечот Венецуела - Бразил настана тотална темница

Секој гостински натпревар за Јужно-американските репрезентации е ризичен затоа што на овој континент фудбалот неретко го гледаат како прашање на живот или смрт. Во една таква ситуација да водиш 0:2 на гости и да снема струја на стадионот не е баш пријатно.

Идеалистот Тите кој го враќа шмекот на Бразил

Пред неколку недели, новинарите го прашале новиот селектор на Бразил, дали би сакал да го има шампионскиот состав од 1994. или оној од 1982 кој загубил од Италија и не влегол во полуфинале. Се одлучил за вторите а еве и зошто.

Култот на Брито Ривалдо

Кога дошол во Барселона сите сфатиле дека бил лимон табиет и дека било прашање на време кога ќе се скара со незгодниот Ван Гал. Со игрите на Камп Ноу, Ривалдо ја доби наградата најдобар фудбалер на светот а голот против Валенсија важи за еден од најубавите на сите времиња.

Потивко, мастерот држи предавање

Кака, Роналдињо и Ривалдо играа во различни клубови, освојуваа многу пехари на други страни, но беа согласни во едно. Техниката ја подобриле благодарение на Феноменот.