Таг: барселона

Како да ја гледаш Барса на прилепски начин?

По ремито дома со Жирона, Барселона одигра уште натпревар без голови, овој пат против Хетафе на гости. Тројца млади навивачи изрежираа сцена која мислевме дека никогаш нема да ја видиме во шпанската прва лига.

Зицерот на Жирона и сомнително поништениот гол на Барса

Барса одигра само 0:0 против 11-то пласираната Жирона и сега е на +13 пред Реал. Имаме две ситуации за одбележување, по една на двете страни.

Другата страна на приказната за аферата на Барселона

Шпанското обвинителство и УЕФА отворија истрага во која наводно ќе докажуваат случај со поткуп на судии на две поранешни раководства на Барса. Постојат тврдења дека вистината е сосема поинаква и дека се работи само за фалсификат на документи за консултантски услуги.

Драма и пол пред голот на Барса во 93-та минута

Со голот на Рафиња, фудбалерите на Барселона го добија тешкото гостување во Баскија против Атлетик Билбао и останаа на +9 пред Реал. На крајот беше многу опасно. Примија гол во 87-ма, но беше поништен со ВАР поради играње со рака. Потоа Тер Штеген и Алонсо спасија чудо, особено бекот на Барса кој ја жртвуваше главата за да одбрани волеј удар.

Барса да ви покаже како еден тим треба да се враќа во одбрана

Барселона е во фантастична серија од 9 победи во низа на сите натпреварувања. Во 19. коло во Ла Лига го совладаа на гости незгодниот Бетис со 1:2 и сега се на +8 пред Реал кој вечерва ја пречекува Валенсија. Погледнете го овој труд на играчите откако Педри загуби топка. Осум играчи спринтаа во одбрана.

Атрактивни голови на Фати и Морон во Супер Купот

Само еден ден по нерешените 1:1 на Реал и Валенсија и пенал серијата која заврши во полза на кралевите, слично сценарио имаше и на второто полуфинале меѓу Барселона и Бетис, со таа разлика што овие две екипи постигнаа уште по еден гол во продолженијата кои вреди да се видат.

Третолигашки голман има да се фали во цело маало за интервенцијава против Барса

Интерсити кој е дел од третата шпанска лига, ја изнамачи Барселона во Купот и успеа да и извади 3:3 во регуларните 90 минути. Голот за осминафинале го даде Ансу Фати во продолженијата, а потегот на мечот го има голманот Гаицка Кампос кој со луда парада му го одбрани шутот на Рафиња за 2:4.

Како во Барселона се славеше пласманот на Меси во финале?

Шпанија испадна од Светско, ама нивниот најголем миленик од Барселона гази. Погледне ја оваа еуфорија.

Голот на Рафиња со кореански коментатори

Пазете ги колку се јаки. Со викање, со страст и плус синхронизирани беа кога требаше да кулминираат. Замислете како би звучеле на гол на Кореа на Светско против Бразил.

Маестрална комбинација Де Јонг - Рафиња за голем пресврт и победа на Барселона

Момците на Чави одиграа херојска партија на гостувањето против Осасуна. На полувреме губеа 1:0 и беа еден час со играч помалку поради два жолти картони на Левандовски. Педри израмни на самиот старт на вториот дел, а Де Јонг и Рафиња во 85-та минута ги изрежираа асистенцијата и голот на колото за конечни 1:2.

Навивачите на Атлетико и Барса за пример

За прв пат во 21 век, Шпанија ќе има само еден претставник во нокаут фазата од Лига на шампиони, а тоа е бранителот на титулата Реал Мадрид. Без разлика на горчината која ја имаат навивачите на Атлетико и Барселона кои не се навикнати на волку рана елиминација, тие сепак останаа блиску до играчите и ги повикаа под трибина за да им дадат буст.

Барса ја потопи Жолтата подморница со 3 гола за 7 минути, Левандовски извонреден

Убави се ваквите клипови, сакаме вакви. После прекрасниот материјал на Реал Мадрид, со иста мера одговори и Барселона.

Шоуто на Педри на мал простор и драмата пред голот на Барса

Со гол по 17 минути игра, Педри ја реши Селта и во очи на Ел Класико ја одржа Барса прва пред Реал, само поради подобрата гол разлика. Погледнете ги овие дриблинзи и контрола на топка на само 19 години. Во финишот Каталонците едвај се спасија да не примат гол.

Голема судиска неправда на Сан Сиро

Нова сезона, нови судиски гафови на кои не се имуни ниту судиите кои ги делегираат за елитната Лига на шампини. Дури и Симоне Инѕаги го виде пеналот кој не го видоа оние на кој им е работа да го видат. „Треба да биде тука и да објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави по мечот.

Кога дома уште криеш дека имаш дечко

Или па имаш уште еден и го јадеш среде пренос Реал Сосиедад - Барселона.

50 години не се истакнал никој на Камп Ноу како наш Столе

Фудбалерите на Барселона предводени од гол машината Роберт Левандовски, со 0:0 ја отворија сезоната во Лига. Главен виновник е чуварот на голот на Македонија кој беше играч број 1 на мечот. Три меча по ред не им дозволува да го совладаат.

Драмата на пенали по која Барселона остана на европскиот трон

Откако од сезоната 2009/10 во ЛШ се игра Фајнлфор турнир, Барселона е прва екипа која успеа да ја одбрани титулата. Во овој формат во Келн, имаат 4 титули, Кил 3, а Вардар 2. Алекс Душабаев беше многу опасен и на моменти незадржлив кога ќе се кренеше на шут од игра, но кога финалето се одлучуваше на пенали, само тој не успеа да реализира.

Носталгија на денот со Меси и Чави

Едниот си замина од што мораше или затоа што се торковци што не го задржаа до крај на кариера, а другиот кој диригираше на терен, сега диригира од клупа. Каталонците на Твитер денеска се решија за објава со двете легенди, овој пат во различни улоги. Уметност.

Барса со Куман vs Барса со Чави

Споредбата е како да ви кажеме, мравка и слон, а поткрепа се резултатите. Кој знае што ќе беше ако Чави ги водеше од почеток на сезонава.

Убав гест на Барса за освојувачот на Копа дел Реј

Атлетико Мадрид викендов играше градско дерби кое го доби со 1:0, но не го испочитува Реал Мадрид на шампионски начин со шпалир. Каталонците тоа го направија за играчите на Бетис како освојувачи на Купот, вкупно трети во нивната историја.

Двата проектили на Камп Ноу

Ајнтрахт Франкфурт и го нанесе првиот пораз на Барселона после извонредната серија од 15 меча и ја елиминираше од ЛЕ. Мечот заврши 2:3, а каталонците двата гола ги дадоа во судиското продолжение. Имаме две голчишта за издвојување, оние на Рафаел Сантос Боре и Серхио Бускетс.

Македонски навивач со македонско знаме, главен на Инстаграмот на Барселона

Беше во Букурешт, Палермо, Порто, во Парма кај Пандев, а сега се појави на трибините и во Франкфурт. Сегде го има.

Трансфер пазарот на Барса е полн погодок

Сте ѕирнале ли како и оди на Барса во последно време? Со оглед на завршувањето на една ера по име Меси, топ им оди на дечките. Се гледа дека Чави знае што работи, а трансферите им се ептен погодени.

Пет години од епскиот пресврт на Барса против ПСЖ

Во тоа осминафинале, Барселона ги помести границите во фудбалот, затоа што никој претходно во нокаут фазата од ЛШ, не успеал да елиминира тим после пораз од 4:0. Три гола им дадоа во последните 7 минути. Кој ли веруваше?