Таг: аталанта

Спектакуларен пречек за хероите кои пркосат во Серија А

Аталанта предводена од страшното напаѓачко трио Ѕапата - Гомез - Иличиќ ита кон историско учество во ЛШ за каде во Италија се води пеколно тешка битка. Сензационалниот пласман на три кола до крај зависи најмногу од нив.

Гинат за секоја топка, за ЛШ се работи

Аталанта е страшно опасна екипа која сезонава го елиминираше Јуве во Куп, а синоќа го совлада Наполи и тоа со пресврт на гости 1:2. Погледнете каков гол спасија со кој ќе губеа 2:0, никој вака не ја извади топкава од гол сезонава во Италија. Сега имаат 56 бода, исто колку Милан и ќе биде мртва трка до крај за четврто место.

Како тоа 4:0 за 15 минути?

И двата последни меча од 30 коло во Серија А завршија со победи на домаќините од 4 гола, ама на Сасуоло му требаше еден час игра за да го стори тоа против Киево, а Аталанта против Болоња даваше голови со брзина како утре да ќе нема повеќе фудбал.

Браво бе мали за приемов

Папу Гомез од Аталанта важи за играчиште во Италија, ама како велат, за да бидеш голем треба да признаеш дека кога нешто е добро е добро. Аплаузи од Аргентинецот за малиот, аплузи од Офсајд за Папу Гомез. И за малиот.

Пријателе, да не збориш ти со оној свет таму?

На својата Фејсбук страна, италијанскиот Sky Sport неколку часа пред мечот Аталанта - Јувентус објавува слика и ги прашува своите следбеници што мислат кој ќе победи? Првиот коментар гласи: „Ќе биде тешко за Јуве вечерва. Ако трчаат како во неделата против Лацио, ќе попијат три“.

Поради смотан превод на презимето му пропаднал трансферот

Во секој трансфер преоден рок, а особено во зимскиот, клубовите „колат прасе воочи Божиќ“, па во пет за 12 брзаат да средат документација за ново засилување. И тогаш настанува циркус.

Како тргнала работава, Мурињо и Конте ќе се степаат наскоро

Гвардиола практично ја освои титулата во Премиер пред Нова година, па останатите тренери се занимаваат со други работи. Клоп гледа како пред негови очи продаваат и купуваат играчи за рекордни суми, Венгер се расправа со судиите, а Конте и Мурињо еден со друг.

Најголемо промашуање сезонава за Пандев

Џенова синоќа изгуби 1:2 од Аталанта и го претрпе деветтиот пораз во сезоната. При резултат 1:1, капитенот на Македонија промаши неверојатно чиста шанса, поточно му бранеше Албанецот Бериша.

Италијанците се неприкосновени во Лига Европа

Трите претставници од Италија во второто по ранг клупско европско натпреварување се непобедливи, што се нема случено во изминативе девет сезони.

Како навивачите на Аталанта ја славеа петардата во ЛЕ

Со 3 победи и 2 нерешени и гол разлика 13:4 (Само Зенит и Реал Сосиедад имаат подобра), фудбалерите на Аталанта ја бележат својата најдобра сезона во историјата на Лига Европа. Синоќа го попарија Евертон на гости со 1:5. Навивачите си го прават филмот како што сакаат.

На гостување во Лига Европа со 21 автобус и два точаци

Ако Аталанта игра во Лига Европа одиме на гостување со точаци. Ветено - сторено и тоа ден порано од предвиденото. Не е мал залак. Тоа е како да одите со точак од Скопје до Лефкада.

Зошто во Италија луѓето веќе не одат на стадион како порано

Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?

Човекот акробација - Маурицио Пиниља

Поранешниот вундеркид на чилеанскиот фудбал се препороди со маестралните ножички кои станаа заштитен знак на неговата игра, потег со кој редовно ги матира голманите.

Брат за брат, Лига Европа за Италијанци

Дуелот Фиорентина - Рома ќе биде 17 натпревар меѓу два клуба од Серија А во едно европско натпреварување. Од Интертото на времето, па до Лига на шампиони, Италијанците често играа едни против други.

Во Македонија не се мести

Грција, Хрватска, Албанија и Бугарија се само дел од земјите во кои изминатава сезона се играл нерегуларен фудбал за големи добивки во кладилниците. Стручњаците кои ги извадија овие податоци изгледа дека не прошетале и ја прескокнале нашава чаршија.

Пандев конечно се врати со погодок

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го прекина најдолгиот досегашен пост без постигнал гол во својата кариера. Со погодокот против Аталанта во 81 минута, Наполитанците го задржаа второто место на табелата во Серија А, со 9 бода негатива зад Јувентус.