Епл му вратил 8 милиони Ајфони на Фокскон заради тоа што биле фушерски направени и не биле доволно добри за да одат во продажба. При враќањето не им кажале што да прават со нив.
На американска новинарка и паѓа Ајфонот во вода, го носи во Епл и таму и порачуваат да го прежали и да си купи нов. Неколку дена подоцна таа заминува на одмор во Куба.
Џими Кимел во едно од подобрите тролања на своите гледачи. На истиот ден кога излегува Ајфон 5, излегуваш на улица и им го даваш на луѓето "новиот" Ајфон да го споредат со претходната верзија. Новиот = веќе постојниот Ајфон 4S. Воодушевување на ниво.
Насекаде низ интернетот хејтерите тврдат дека Епл на вчерашната презентација не открил ништо навистина иновативно. Ова не е точно, ова е првиот телефон што се вика Ајфон 5. Всушност ова е првиот телефон чие име вклучува број поголем од 4.
Фокскон, кинеската фабрика што ги прави телефоните за Епл, најостро се бранеше од обвинувањата дека присилувала тинејџери да склопуваат телефони, објаснувајќи - никој не ги тера со сила, можат да си одат ако сакаат.
На 29-ти јуни 2007. во продажба беше пуштен првиот Ајфон. Неколку месеци претходно, ЦЕО-то на Микрософт, Стив Балмер, го даде своето мислење за најавениот телефон на Епл. Ваква утка во предвидување немате видено. Се обратно му се случи.
Инстаграм е една од најпопуларните апликации која беше достапна само за Ајфон. Неделава таа се појави и на Андроид, и по пат успеа да ја продлабочи класната војна меѓу корисниците на двата видови смартфони.