Френки де Јонг кој беше главен автор на бајката на Ајакс сезонава, со титула во холандското првенство се прости од навивачите и оди во Барселона. Го испратија како голема легенда на клубот иако има само 22 години.
Во 22’ минута од реванш полуфиналето во Лигата на шампионите играчите на Ајакс, Хаким Зиеш и Нусаир Мазрауи добиле кесички со енергетски гел. Брзо ги исцицале зошто биле прегладнети.
Клубот од Амстердам игра неверојатна сезона. Викендов го освоија првиот трофеј, оној од холандскиот Куп (4-0 против Вилјем 2) и го прославија со навивачите. На две кола пред крајот од Ередивизија, Ајакс има исто бодови со ПСВ, по 80 и е на чекор од титулата. Ако влезат во финале на ЛШ, можеме да замислиме што ќе прават навивачите.
Пред 62.000 гледачи на „Новиот Вајт Харт Лејн“ во Лондон, Ајакс го совлада Тотенхем со 0:1 по гол постигнат од помалку сомнителна офсајд ситуација пред голот на Лорис.
На Стариот континент има неколку клубови кои историски асоцираат со еврејската дијаспора: Тотенхем, Ајакс, Рома, Славија Прага, Краковија, Видзев. Најпознатите од нив вечерва играат во полуфинале на Лига на шампиони.
Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.
Родителите плаќаат само 12 евра и тоа е ставка за осигурување. Сè друго е бесплатно. Децата во академијата одат во школо, тренираат неколку дена во неделата, играат натпревари и ја одржуваат традицијата на блискост со навивачите.
Пласманот на Ајакс во полуфинале на Лига на шампиони е уникатен не само поради тоа што последен пат стигнаа до оваа рунда пред цели 22 години, туку и поради астрономската заработка.
Спортскиот директор и еден од најзаслужните за успехот на Ајакс, Марк Овермарс знаеше како да го прослави историскиот успех и прв пласман на Ајакс во полуфинале на ЛШ после 1997-ма година. Се залета пред околу 2.500 холандски навивачи.
Матјас де Лихт е најбараниот млад фудбалер во моментов. За него најзагреана е Барселона, а и тој за неа според изјавите. Меѓусебниот „флерт“ кулминираше синоќа кога холандскиот репрезентативен стопер постигна гол вреден пласман во полуфинале на ЛШ, а Камп Ноу го прослави.
Фудбалерите на Ајакс сезонава го играат можеби најубавиот фудбал во Европа. Освен што се без пораз на гостувањата во Лига на шампиони цела сезона, туку и тоа го прават во голем стил.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Во пресрет на вечерашниот реванш од четвртфиналето на ЛШ меѓу Јувентус и Ајакс (првиот меч заврши 1:1), ќе се потсетиме на еден момент од нивниот двомеч пред 12 години.
Пред вечерашниот дуел од 1/4 финалето на Лига на шампиони во Амстердам, фудбалерите на Јуве го доживеале она што го претрпеа и многу пред нив кога гостуваат во главниот град на Холандија. Неколку килограми огномет, разна пиротехника и петарди.
За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.
На денешен ден во 1993 година, детето кое подоцна стана голема клупска легенда на Реал Мадрид и Милан, го постигнал својот прв гол за матичниот Ајакс. Имал само 16 години и 361 ден и навестил што ќе се очекува од него.
По 4 одлични сезони во Холандија, оди во Англија каде помина исто 4 сезони но не се адаптираше на средината и решил да се врати во омилената земја која вели дека е далеку поубава и позелена од Англија.
Лет Амстердам-Мадрид два и нешто часа, а таму журка 48 часа. Откако пристигнале во главниот град на Шпанија, навивачите на Ајакс не престанале со прекрасна атмосфера без инциденти. Пред, за време и после историскиот меч против Реал.
Во една од најдобрите вечери во историјата на славниот клуб од Амстердам, Ајакс го понижи Реал и со 1-4 оди во четвртфиналето. Тадиќ со 2 магични асистенции и прекрасен гол заслужено играч на мечот. Кејн го носи Тотнем понатаму.
Околу 4.000 приврзаници на клубот од Амстердам допатувале во главниот град на Шпанија каде вечерва Реал и Ајакс ќе играат реванш од осминафиналето на ЛШ. Навивачите на „копјаниците“ уживаат во Мадрид.
Тренерот на клубот од Амстердам во неколку наврати деновиве спомена дека тоа што Серхио Рамос, капитенот и главен играч на Реал не игра на реваншот поради жолти картони, Ајакс би можел да го искористи и направи чудо.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Голманот на Ајакс има 22 години. Ја поминал школата на Барселона како мал, а во Ајакс е веќе трета сезона. Брани за репрезентацијата на Камерун. Синоќа против Реал имаше неколку добри интервенции, ама и една утка по вина на фрлено шише Хајнекен на теренот.