После 5 одиграни рунди веќе знаеме повеќе од пола патници во нокаут фазата - 9 екипи кои обезбедија пласман. Четири тима се сигурно први и ќе имаат предност на ждрепката за 1/8 финале.
И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
Чуда направи короништево скапано и целосно го измести и поремети и фудбалот кој многу поинаку беше планиран годинава. Ќе има смеење ако се повреди голманот на Украина или добие црвен.
Некогашниот прволигаш и учесник во еврокупови Карпати од Лвов веќе неколку години мака мачи во пониските лиги. Сега е второлигаш, а на мечот со Подоље од Хмелницки ај што изгубија 0:3 туку и имаа интересна одбрана на еден напад.
Павло Исенко уште на 16 години се издвојува како еден од подобрите голмани во Украина. Дебитираше за првиот тим на Ворксла Полтава и со три одбранети пенали во полуфиналето на Купот, го однесе својот тим во финале.
На натпревар од полуфиналето на Купот на Украина меѓу Минаи и Динамо Киев била извадена шокантна парола во која се бара правда за полицаецот што го уби Џорџ Флојд во Америка.