Во 2015 година светската јавност ѝ аплаудираше и ја споредуваше со Мајка Тереза кога реши да ги отвори вратите за бегалците од Сирија и други несреќни земји од Блискиот исток. Денес насловните во Германија се полнат со слики од екстремни десничари кои "ловат" странци по улиците и се поздравуваат со нацистички керефеки. Тоа е контрастот кој сведочи за тектонските пореметувања од бегалската криза која во Европа донесе три милиони бегалци
И така, додека светот ги слави хрватските момци кои вложија надчовечки напори да влезат во финале, еден фудбалер што допатува со нив во Русија (ќе простите на речникот), ама сега си гризе од газот.
Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.
После мечот со Русија во четвртфиналето на кој беше еден од најголемите јунаци поради убавиот гол со глава, хрватскиот стопер Домагој Вида даде коментар за дуелот на Хрватската телевизија и беше сосема пристоен, коректен и убедлив. Подоцна се изглупирал.
Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.