Препознатливиот термин за ЛШ од 20:45 оди во историјата и ќе биде заменет со два термини, што значи дека ќе имаме можност да гледаме повеќе фудбал. Убавини. Новите правила им одат во прилог на Италијанците кои повторно ќе имаат 4 претставници во елитата.
По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.
По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?