Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Ариц Адуриц е апсолутен херој на групната фаза во Лига Европа откако вечерва постигна нереални пет гола во триумфот на Атлетик Билбао против Генк 5-3. Рома убедлива во Виена, на Манчестер Јунајтед му виси пласманот во следната рунда.
Среќата на овосезонската ждрепка за квалификациите за ЛШ очигледно доцна стигна за Вардарци кои ќе треба да направат чудо во Загреб за во следната фаза додат до полесен противник и да обезбедат евентуална Лига на Европа.
По елиминацијата на Пандев и Ибраими од Лигата на шампиони, честа на македонските претставници во европските натпреварувања може да ја спасат Муарем, Абдурахими и Адеми кои имаат тешки задачи да останат во ЛЕ.
Гостувањата на Карабах и Динамо Загреб против Интер и Селтик се покажаа како тешки тврдини за освојување. Локерен каде настапува Бесарт Абдурахими славеше против Металист. Беспрекорни во второто коло од ЛЕ беа италијанските претставници, а во Лондон, Демба Ба го спаси Бешикташ од пораз.
По настапите на Пандев и Ибраими во најелитното клупско натпреварување, еден ранг подолу на европска сцена ќе се појават Ардијан Адеми и Муарем Муарем.