Во 2013-та имавме офсајд ликови на денот и на неделата, а неколку од нив заслужија да го добијат и годишното признание, но ние се одлучивме за Винсент Тан, еден од најомразените и дефинитивно најлошо облечен човек во фудбалот.
Оваа недела наш омилен лик за сеир е соиграчот на Горан Попов од ВБА, Питер Одемвинге. Нигериецот толку многу сакаше да го напушти клубот, што без никаква дозвола синоќа отиде во просториите на КПР, но тие таму не му отвориле врата.
Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.
Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.
Маркетинг секторот на интернет кладилницата Paddy Power врши одлична работа. По гаќите на Бентнер на Европското првенство, тие сега имаат кампања со која им се исмеваат на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови и им понудија нова работа на Торес, Аршавин, Босингва...