„Среќа што Роберто Карлос кој му беше цимер бил присутен во собата кога Роналдо доживеал страшен напад, го голтнал јазикот и се тресел“, вели докторот кој ги проучил сите документи и анализи околу здравствената состојба на Феноменот кој бил приморан да го игра финалето.
Тони Крос честиташе Нова година со смешна слика каде наместо 2017 стојат знамињата на Бразил и Германија кои го симобилизираа дебаклот на „кариоките“ на Мундијалот. Легендарниот Роналдо доседливо му одговори со знамиња и го потсети на 2002-ра.