Никој во Бундеслигата не го сака РБ Лајпциг. Тоа знаете. Но дали знаете дека овој тим собра 12 бода на првите шест меча сезонава а главен џокер на тимот е 19-годишниот Оливер Бурк чија асистенција го испровоцира првиот пораз на Борусија Дортмунд.
Одамна не сме се насмеале од срце, ама низ магла се сеќаваме на моменти кога тоа сме го правеле до задушувачка. Некои отишле и чекор понатаму, па со насмевка на лице заминале на оној свет.
Поранешниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Кајзерслаутерн и новосадска Војводина се соочува со казна затвор од 10 до 15 години поради шверц на речиси 1 тон марихуана со камион.
Лајпциг ама баш ни малку не го погаѓа омразата со која што го пречекуваат по германските стадиони поради тоа што пропагира “модерен фудбал и бизнис“. Тимот чијшто спонзор е гигантот Ред Бул е лидер во Германија.
Прекрасната сезона на Аспиринџиите во која победуваа секој и секаде заврши неславно затоа што во рок од две недели загубија во клучните битки на сите три фронта и не освоија ниту еден трофеј.