Кога се подготвував да зборувам на TEDx, конференција која се одржа во Скопје во октомври 2010, за врската меѓу јазикот и светогледот врз примери на непреводливи зборови, се сетив на оваа книга од Хауард Реинголд.
До сега на долго и на широко сме зборувале за непреводливите зборови од различни култури, кои кажуваат нешто за нивниот светоглед. Но уште поинтересни и потешки за превод се поговорките, афоризмите и идиомите кои буквално пренесени често звучат смешно и бесмислено.
Некои од овие веќе сме ги имале, но сега се групирани тематски, и убаво илустрирани од Ема Блок. Читајќи ги ни е жал само за една работа - што никако не нè фаќа тоа „манабамате“.
Пандемијата актуелизираше активности кои ни помогнаа да ја преживееме годината што изминува - пиење сами или во кругот на најблиските. Книгава нуди бонус, пиење коктели кои асоцираат на книги.