Со задоволство традиционално ја следиме наградата Дијаграм, која ги зема предвид насмешните, најчудните и најбизарните книжевни наслови. Минатата година тоа беше „Кучето што моча крај патот“. Ама оваа конкуренцијата била појака.
Британците се познати по необични книжевни награди. Награда за лош секс во фикција за „најзасрамувачките пасуси на сексуален опис во роман", „Секирче на годината" за најостра книжевна критика, но и наградата Дијаграм, за најчудниот наслов на книга на годината.