Додека ФБ статусите на Ненад Јовановиќ се поцитирани од трудовите на овие македонски научни великани злистани на Стенфорд, дотогаш Македонија ќе биде тоа што е.
„Бевме и во Македонија и во Грција и, што се оденсува до јадењето, чист победник е Македонија. Имаат повеќе страст, повеќе конзистентност и посвежи состојки“, објавуваат The Budget Savvy Travelers. Одма рипнаа Грци (и по некој Бугар) да дрват. Не за храната, нормално. Ја знаете нивната лакомост.
Се собрале од бугарската амбасада во Македонија за да му одадат последен поздрав на неодамна починатиот Пеле (ништо чудно ако и него не го рачунаат за Бугар). Со пригодна реч и минута молчење. Со себе го имаат неговиот „најљубим предмет“ - топката. Но имаат и сценарио во кое топката не е пасивна.
Бугари направиле уште едно сочинение од нивните две најголеми способности: да прават глупа музика и да лупетаат за својата големина. Промо песна за бугарскиот туризам при што аргументите им се малку тенки па за Црното море ќе можат само да кажат „од бетон е целото, ама многу е добре“. Капа долу за Галена и Бургас 63.
„Големите Бугари“ е спин-оф на британската „Стоте најголеми Британци“ на BBC и почна да се емитува летото во 2006 за во финалето во декември истата година да бидат објавени листите на топ 10 и топ 100 Бугари, според гласање на широка публика. Гоце еднаш загина во Баница, другпат на бугарска топ листа.
Некои не пијат ич, некои пијат везден. Еден од вториве објаснува зошто: „Пие ми се. Хубаво ми става ка си пијна“. Ете, некогаш е лесно човек да ги разбере Бугариве.
Којзнае зошто и во кој контекст го правеле ова, но нам ни личи на бугарска показна вежба како овде кај нас ќе се снимаат историски филмови (ако не им доакаме на квислинзите што идиотски брусат шахти и бесрамно бришат споменици). Добра идеја на Бугариве, штета што немаат панчлајн.
Хеви метал кластер на софиските протести, кај Орлов мост. Ако си против Бојко, во Бугарија не важат здравствените протоколи. А и генерално, тешко e да правиш шутка со држење социјална дистанца.
Разведени се тие десетина години но таа и натаму има проблеми со него, главно затоа што балванов уште ѝ доаѓа, со намера концизно формулирана во императивната реченица: „Свалај гаштите!“ А и тоа новинарчето мама си тракало како ги фасилитира.
Каков Холивуд, каков Боливуд, каков CGI и XXL! Бугари (актјори ли, каскадјори ли) во живо ја реконструирааат историската битка кај Сливница (ноември, 1885 година). Спојлер: Бугарите тепаат, Србите биваат потепани и заробени. Предупредување: следуваат драматични акциони сцени кои се менуваат од секунда во секунда.