Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.
На 18. мај 1922 Вајолет и Сидни Шиф организирале вечера во хотелот Мажестик во Париз. Гости: Пикасо, Стравински, Џојс и Пруст. Звучи како нечиј хипстерски сон, но вистина е. Џојс се напил, па Пруст морал да го носи до дома со шофер.
Кога слушна дека книгата на Предин, за којашто има напишано предговор и која ја промовираше низ Хрватска, се преведува на македонски, и дека на неа случајно работи истата моја пријателка која компјутерски ја обработуваше и неговата збирка колумни кои пак ги преведов јас, Дежуловиќ изјави: „Космосот е чудо".