Во последните пет години, неколку фудбалери од холандската Ередивизија се преселија во поголеми европски клубови и на тој начин го докажаа фактот дека оваа лига е најдобра за старт на европска одисеја.
Напаѓачот во претходното коло против Сан Марино го израмни, а вчера против Швајцарија го престигна рекордот на Боби Чарлтон по бројот на голови и стана најдобар стрелец на Англија на сите времиња со 50 погодоци.
Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.
Дојде време да се подвлече црта и да се види кои од фудбалерите што ги засилија италијанските клубови навистина ги оправдаа очекувањата. Фиорентина го откри Салах и заборави на Куадрадо. Новиот дрес ги освежи уште и Нианг, Муриел и Макси Лопез. Интер со трансферите погоди половично, а Милан промаши целосно.
Мајкл Џордан, Коби Брајант, Шон Кемп, Винс Картер и Шекил О`Нил се мал дел од ликовите поради кои имаме многу неспани ноќи. Така беше и викендов со 19 годишниот Лавин кој победи во најатрактивното натпреварување на Ол стар кое порано беше забрането.
Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.