Извршниот комитет на Европската ракометна федерација одржа состанок во Љубљана на кој донесе одлука со која ќе има помалку тактизирање, а веројатно повеќе пенали.
Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.
Кога веќе носталгично се враќаме на тема скопско Кале и атмосферата што ја правеа навивачите на Вардар, чесно е да се напомене и можеби најдобриот амбиент во сала кога станува збор за ракометни натпревари.
Пред стартот на сезоната, Европската куќа на ракометот не го ставаше Вардар ниту во топ 10, арно ама бандата на Парондо се покажа до толку дрска што успеа да стигне до Фајнлфор. Причина сега ЕХФ на својот сајт да објаснува зошто ќе освојат ЛШ.
Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.
Во сабота од 17:30 часот во дербито на Лигата на шампионите ќе играат лидерот во групата Б и лидерот во германската Бундеслига, Вардар и Рајн-Некар. Горбок четири години играше за германскиот состав и најдобро ги познава.
Екипата на ТВ ЕХФ беше во Скопје со цел да дознае како македонскиот првак Вардар ги подготвува атрактивните цепелини кои редовно се меѓу топ потезите на колото.