Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.
Со одличното атрактивно решение од 9 метри против Шафхаузен, 21 годишниот среден бек од Хрватска, Лука Мраковчиќ влезе во топ 5 листата на најубави голови на колото во ракометната Лига на шампиони.
На 24. јули 2004 година во натпревар од Интертото купот играа Вардар и Шалке 04. Пред мечот група навивачи на Вардар се спријателија со гостите од Германија и веќе 11 години трае нивното пријателство. Комити секоја година одат на неколку натпревари на Шалке, а имаат и што да видат во Гелзенкирхен.
Арсенал и Тотенхем не одат заедно, исто како Лацио и Рома, Реал и Атлетико, Ѕвезда и Партизан, Милан и Интер. Така што овој навивач ќе треба многу да се објаснува ако наиде на група навивачи на Арсенал или Тотенхем.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Најталентираниот македонски ракометар како помал немал планови да тренира ракомет и ниту имал контакт со овој спорт. Во Крушево бил скијач, во скопското маало Аеродром играл баскет, а прво се запишал на фудбал.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!
Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.
Двете интервенции во ист напад на голманот на Вардар против Рајн Некар и онаа на поранешниот голман на Металург против ПСЖ, влегоа во потесниот избор на ЕХФ кој состави листа на најдобри одбрани од првиот дел од сезонава во Лигата на шампионите.