Пред експертско тело составено од прекалени ќебапчии и во конкуренција на стотици уживатели на ќебапи, во фер и демократска атмосфера, денес сред Старата скопска чаршија беа избрани првите луѓе во историјата што добиле Ајфон за јадење ќебапи.
Си стојат препораките човек одвреме- навреме да посети болница или гробишта за да ја апдејтира својата листа на приоритети и нивното учество во трошењето на единствениот капитал кој човекот не може да го врати. Холандски аеродром има едно поинакво решение како да му обрнете внимание на времето
Жителите на Општина Сарај вчера ја добија својата „Coca-Cola Активна зона“. Оваа зона е 13-та по ред и е дел од големиот проект на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“.
Во пресрет на 15. Септември - Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Кралството Холандија, спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина.
Кавадарци ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани што веќе уживаат во единаесетте атрактивни „Coca-Cola“ спортско-рекреативни зони отворени низ цела Македонија.
Во време на сообраќаен метеж и урбанистички хаос во главниот град, секој заслужува дом во мирна и урбана средина, каде што може да ужива во динамичното секојдневие.
Веројатно не постои друго парче облека кое може така ефикасно да ги нагласи како божанствените убавини на женското тело така и и најнепријатните облици на нивните долни половини. Знаевте ли дека први на светот се сетиле хеланки да облечат едни Скопјани? Оној белиот чичко, што седи покрај плоштад, со грбот свртен кон Вардар, ви текнува?
Истите луѓе што пред 10 години од најразлични Авганистани и Пакистани пребегале во Грција, денес бегаат од Грција затоа што животот таму не се поднесува. Сега патот за Европа ги води преку Лојане и Суботица.