По поразот од Вардар во СЕХА лигата, Металург загуби и во Лигата на шампиони. Искусната екипа на Киелце му го нанесе првиот пораз на Металург во најелитното европско клупско натпреварување.
Во петтолигашки спектакл пред 4.000 гледачи, Вартекс, клубот кој го оформија незадоволни навивачи, го победи Вараждин, клубот за кој што тие порано навиваа.
Вардар го победи Пелистер со 3:1, но освен на теренот, интересно беше и на трибините каде Комити и Чкембари го збогатија амбиентот на најголемото македонско дерби.