Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе им се спротистават на Хрватска и Србија во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил.
По две неуспешни кандидатури, Чедомир Јаневски е 11-от селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој ќе ја има тешката задача да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство во 2014-та и да го подобри угледот по мизерниот пласман на ФИФА ранг листата.
По триумфот во регионалната СЕХА лига, ракометарите на Вардар Про го победија Металург и во финалето на Купот на Македонија и го освоија трофејот од ова натпреварување по пауза од четири години.
За претстојните пријателски натпревари против Португалија и Ангола, селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак повика шест фудбалери од младинската репрезентација, како и најдобриот стрелец од македонската Прва лига.
Екипата на Вардар е првиот освојувач на регионалната ракометна СЕХА лига откако во македонското финале во Загреб по одличното издание во второто полувреме го совлада Металург со 21:18.