Во центарот на Киев, на местото каде што порано имаше споменик на Ленин, вчера беше поставена скулптура која неодоливо потсетува на ликот на Путин со пиштол во уста. Автор на скулптурата е Дмитро Ив а неговата порака до „Путлер“ е „Застрелај се“.
За време на уште малку 1-месечната војна во Украина, Кинезите (што државни портпароли, што новинари и медиумски лица) не дозволија ни еден пенал наместен против САД да им остане нереализиран.
Заклучокот што кинеските основци го вадат од историјата на Украина (а од кој цел свет треба слободно да се стресе) е: „Потпирање на самите себе! Ние мораме напорно да учиме. Да ја изградиме татковината. Да ја одбраниме татковината.“
Во обид да го спречат падот на престолнината на Украина, безбедносните власти утрово ги повикаа граѓаните на Киев со Молотови коктели да им се спротивстават на руските сили. Веќе на пладне властите почнаа да делат воено оружје на секој што сака да земе и да се бори за одбрана на Киев. Киевјани го прифатија повикот.
Вил Инглунд од Вашингтон пост веќе некое време известува од Киев. Ова е неговата денешна репортажа од случувањата во градот. Сцената од крајот на видеото посебно ќе ве извади од памет.
Изгледа како сцена од Бонд, ама всушност е јавна вежбална во Киев која е отворена и бесплатна уште од времето на Советите пред 40 години и која функционира до ден денес.