Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
На Твитер се појави ново видео од инцидентот на дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Капитенот до толку се налути за време на навивачката пресметка во која летаа на сите страни сè и сешто, што собори еден од Комитите на земја.
По скандалозните дебилни испади на „Гробари“ кои го пречекаа Вардар во СЕХА лигата со грчко знаме, графити дека Гоце Делчев е Бугарин и дека сме немале идентитет, за сега нема никаква осуда од Партизан или било која институција, а треба остри казни да фрчат за ова. Спортплус.мк му ја фатиле реакцијата на Столе Стоилов.
Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Македонија вечерва во Тбилиси (18:00) ќе игра против ривал со кого во рок од 29 дена одигра 2 меча. И двата завршија исто - 1:1. Но вечерва влогот е непроценливо поголем.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.