Немавме среќа во Нион. Ако во полуфинале го совлада Косово, македонската фудбалска репрезентација последната пречка за европско нема да може да ја мине дома.
Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.
Пошироката македонска јавност, дали поради временската дистанца (март), дали поради карамкашата што ја направи УЕФА со 234 турнири, или поради нешто трето, не е запознаета со тоа дека Македонија 180 минути ќе ја далат од историски пласман на едно Европско.