Се следат, се поштуваат и се бодрат едни со други. Пријателството меѓу навивачите на Шалке и Вардар трае 15 години, а германските ултраси овој пат на средбата против Ајнтрахт Франкфурт со голем транспарент им го честитаа 20 годишниот јубилеј на Лојан Фанс.
Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.
Во ова бедно лето на резултати на македонските екипи во Европа, особено на тутуруткине Шкендија кои се посрамотија со аматери од Естонија, а потоа во Луксембург му одеа главечки на судијата, време е за фини нешта.
На 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе се потсетиме на најтешкиот и најтажниот фудбалски натпревар на кој повеќе се слушало плачење отколку навивање.
На 13. јуни 1993 година под „Тумбе Кафе“ во Битола требаше да се одигра големото дерби меѓу ривалите од Битола и Скопје. Поради нереди на навивачите и влегување на терен, мечот воопшто не се одигра. Кога ќе види човек колку луѓе имало тогаш на стадион, а колку денес, се прашува каде ја утнавме работата.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ги мина воведните два меча од квалификациите за ЕП 2020. Оваа селекција заедно со селекторот и стручниот штаб знае како да се мотивира и на тренинг и пред и после натпревар. Гестови кои ја одржуваат репрезентацијата во живот.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план.