Четири години по набавката САД и понатаму е упорен дека Турција треба да се откаже од рускиот С-400, а стимул за тоа е дека Вашингтон ќе се прави како ништо да не било и пак ќе ги вклучи Турците во Ф-35 програмата.
Алтернативата на воена реакција на руското распоредување војска на границата со Украина треба да биде далеку поелегантното исклучување на Русија од банкарската мрежа што ја користат 11.000 банки од 200 држави низ светот. Магазинот Економист смета дека тука нема ништо елегантно.
Администрацијата на Бајден размислува околу испраќање воени бродови во Црното море во следните неколку седмици како поддршка на Украина, откако руските воени сили станаа се почести и побројни на границата со Украина.