Уште во првите неколку кола од Премиер лигата, Брајтон имаше екстремно тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед, па гледачите и навивачите можеа да го забележат активното десно бекче на овој тим. Визуелно изгледа како да има 14 години.
Во последното коло од сезоната 2012/2013, Челси го совлада Евертон со 2:1. Таа сезона „сините“ ја освоија Лига Европа и обезбедија место во Лига на шампиони. После 9 години во клубот, од навивачите со проштален говор се прости бекот Пауло Фереира. За тоа време на цел стадион поинтересен му беше малиот Џош Трнбал, син на резервниот голман на Челси Рос Трнбал.
Цела вечер икони на англискиот фудбал како Френк Лампард и Алан Ширер да зборуваат за тоа колку храбро, самоуверено, дрско и сјајно си играл против екипа каква што е Ливерпул, а имаш само 18 години, значи дека мора да си Били Гилмур.
Челси го елиминираше Ливерпул во ФА Купот со триумф од 2:0, а Лампард во игра пушти 18 годишен клинец по име Били Гилмор. Сите денеска зборуваат за неговиот перформанс, а Фабињо си заминал дома со црвени обравчиња.
Маркос Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите леви бекови во англиската Премиер лига, ама веќе некое време не може да се спои со топката. Тренерот Лампард со право го држеше на клупа, а вчера против Ајакс реши да му даде шанса. Така играше што на полувреме го извади од игра и го стави малиот Рис Џејмс кој му донесе на Челси 4-4 во 74’ минута со убав дебитантски гол.
Кога сте виделе последен пат тренер во Премиер лига да прави измена, а играчот да нејќе да му излезе? Па ние не паметиме вакво нешто, а се случи на синоќешното финале од Лига Купот меѓу Челси и Сити. Во маало не проаѓа ова.
По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.